Дечињата тргнуваат на училиште – внимавајте на нив во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Дечињата тргнуваат на училиште – внимавајте на нив во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Дечињата тргнуваат на училиште – внимавајте на нив во сообраќајот!
    1 септември 2017

    Ѕвони за час! Возете внимателно дечињата тргна на училиште!  е слоганот под кој ќе се реализира новата едукативна кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Во рамки на кампањата РСБСП ќе ги едуцира децата и родителите за поголема безбедност на најмладите во сообраќајот.

    Новата учебна година е на самиот праг, а со тоа и децата секојдневно ќе бидат учесници во сообраќајот. Родителска и хумана обврска  на секој поединец и на сите надлежни субјекти е да се  преземат  сите неопходни мерки кои стојат на располагање со цел  да ги заштитиме децата од повреди и загуби во сообраќајот.  

    РСБСП со неколку важни совети на кои што секој учесник во сообраќајот треба да внимава и да се  придржува:

    • Кога ќе  видите знак  “училиште”,  задолжително намалете ја  брзината. Посветете  внимание на  движењето на децата во близина на патот и училиштето.
    • Посебно бидете внимателни на пешачки премин. Намалете ја брзината навреме и благовремено застанете и препуштете ги пешаците. Особено внимавајте на децата.
    • Возачите секогаш треба да имаат на ум дека децата не размислуваат за опасностите на патот. Запомнете дека тие не се во состојба  да ја проценат брзината со која се движат возилата.
    • Секогаш држете безбедно растојание помеѓу возилата и бидете предвидливи во однесувањето во сообраќајот. На тој начин ќе  придонесете за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, вклучително и децата.
    • Однесувајте се дефанзивно во сообраќајот. Затоа што само на тој начин ќе бидете во состојба да ги предвидете опасностите во сообраќајот и навремено да реагирате. Оваа е посебно важно кога возите  во близина на училиште или градинка.
    • Во близина на училиште или градинка внимателно одберете каде ќе го паркирате возилото. Паркирањето на тротоар или пешачки премин го попречува движењето на децата, ги насочува децата кон улицата и коловозот и на тој начин  всушност директно ја загрозувате безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така, неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното  преминување на улица го прави крајно опасно.
    • На пристапи кон училиштата или градинките  бидете двојно повнимателни. Намалете ја брзината и следете го внимателно движењето на децата во околината  на улицата. Секогаш  имајте на ум дека децата се крајно непредвидливи и може во секој момент да се одлучат да ја претрчаат улицата.
    • Секогаш кога го превезувате вашето дете, користете детско седиште или безбедносен појас. Така вашето дете  ќе биде заштитено во случај на сообраќајна незгода.
    • Во близина на училиште или градинка бидете особено  фокусиран и концентриран возач. Не користете мобилен телефон или други помагала кои ви го одземаат вниманието. 

    Покрај тоа,  секој родител има обврска да го информира и запознае детето со основните правила и прописи во сообраќајот: каде треба да се движи и  како да ја помине улицата, како да користи јавен превоз (доколку го користи),  кој е најбезбедниот пат од дома до училиште и обратно и кои се најголемите закани за децата во сообраќајот.

    Децaта учат брзо, ги слушаат советите на своите најблиски, но исто така го следат и нивниот пример. Затоа, бидете позитивен пример  кога пешачите, кога возите велосипед, мотор или автомобил  бидејки на тој начин се заштитувате самите себе, но ги заштитувате и своите најмили и ги учите на навики и култура во сообраќајот  која ќе ги чува цел живот од несакани случувања  и од тешки последици во сообраќајот.

    Статистиката покажува дека во 2015 година, 17 деца на возраст до 14 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Во 2016 година оваа бројка изнесува 5. РСБСП согласно своите стратешки цели и заложби работи и го подржува европскиот и светскиот концепт за 0 деца жртви во сообраќајни незгоди.

     

    Затоа апелираме: Биди внимателен возач, вози  и чувај  го секое дете на улицата како  да е твое! – РСБСП им посакува среќна, успешна и безбедна учебна година на сите ученици.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитувајте ја сообраќајната сигнализација, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и патувајте безбеднo
    Следна Објава:
    91 – жртвa за 8 месеци – РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS