91 – жртвa за 8 месеци – РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    91 – жртвa за 8 месеци – РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. РСБСП
    91 – жртвa за 8 месеци – РСБСП повикува на одговорно учество во сообраќајот!
    8 септември 2017

    Сообраќајните незгоди со тешки и  фатални последици за жал станаа составен дел од секој продолжен викенд. Сообраќајните билтени на МВР покажуваат дека моментите наменети за одмор и славење многу често се претвораат во семејна трагедија која остава долги и фатални последици.

    Септември е период во годината кој е соодветен за организирање на  продолжен одмор или пократко патување  во земјата или соседството. Карактеристично за секој продолжен викенд е зголемениот интензитет на сообраќај и поголемата фреквенција на автомобили, а тоа во комбинација со неодгoворното учество во сообраќајот може да доведе до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди  и зголемување на  бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

    Пред нас е уште еден продолжен викенд и уште еден предизвик и искушение кога е во прашање безбедноста во сообраќајот. Токму затоа,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот  да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да внимават на правилата за ограничување на брзината, да не престигнуваат неправилно и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол.

    Периодот од јуни до септември во светот е познат како 100-те најцрни денови на патиштата.  Неофицијалните статистички податоци покажуваат дека од почетокот на годината па досега, 91 лицe го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија, од кои 48 лица во првите 6 месеци и дури 43 лица во месец  јули и август.

     Анализите и статистиката покажуваат дека за време на продолжен викенд  посебно е голем бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од само еден учесник во сообраќајот, односно излетување на возилото од коловозот поради брзо возење, возење под одвлечено внимание или поради возење под дејство на алкохол. Комбинацијата од сите три фактори речиси  секогаш е фатална. Неправилното пристигнување и недржење на страна и правец на движење, исто така спаѓаат во групата на водечки причини за сообраќајни незгоди од посериозен карактер.

    Особено важно е да се истакне,  дека за време на викенд зголемено е учеството на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот и РСБСП посебно апелира кон возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат и чуваат оваа група на ранливи учесници во сообраќајот.

    РСБСП потсетува дека  меѓусебното почитување, почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото и претставува гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на  патиштата  на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот на независноста  „ 8-Септември“  и повикува на  одговорно учество во сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. 

    Возете одговорно и не дозволувајте моментите наменети за уживање да се претворат во трагедија! 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Дечињата тргнуваат на училиште – внимавајте на нив во сообраќајот!
    Следна Објава:
    Повик за учесници – ОБУКА „Младите за безбедноста во сообраќајот“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS