Децата со повик за повисоко ниво на свест и внимателно учество во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Децата со повик за повисоко ниво на свест и внимателно учество во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    21 октомври 2016

    Во рамки на кампањата „Секој ден да е безбеден“, која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, децата од основните училишта ширум Македонија, преку заеднички пораки, испратија апел до возачите за нивно одговорно учество во сообраќајот.

    Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Ние сме иднината! Чувајте ги децата во сообраќајот! Јас сум само дете – ти си одговорен!  Во близина на училиште намали ја брзината! Биди совесен возач! – ова се само дел од пораките, кои денес децата од повеќе од 100 основни училишта, од сите страни на Македонија, заеднички ги испратија до возачите.

    „Да се биде дете и да се учествува во сообраќајот не е едноставна работа и тоа возрасните секогаш треба да го имаат предвид. Кога ќе се случи некој трагичен настан, сите сме вознемирани и сите делиме совети како треба да се однесуваме во сообраќајот, но на наше огромно жалење таквите совети траат кратко, а секојдневната пракса и начинот на кој се однесуваат возачите во сообраќајот го потврдуваат токму спротивното. Токму затоа, апелираме до сите возачи  – да го слушнат гласот и пораките кои денес децата ни ги испраќаат и да размислиме добро затоа што тоа се искрени детски пораки и се однесуваат на сите нас! За жал, брзиот начин на живеење, динамиката и темпото на работа, ни оставаат многу малку време да размислуваме за најважното, за безбедноста на нашите деца во сообраќајот и затоа целта на денешната акција беше да се потсетат возрасните на децата и на потребите кои тие ги имаат за да бидат сигурни и безбедни во сообраќајот“ – истакна Ристо Манчев,  Секретар на РСБСП. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Четврто издание на саемот Транспорт и Логистика
    Следна Објава:
    Едукативен автобус ООУ “Лазо Ангелевски”-Аеродром
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS