Во рамките на четвртото издание на саемот Транспорт и Логистика, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, АМЕРИТ и Царинската управа организираа тркалезна маса која за цел имаше запознавање на транспортните компании со новините во секторот, во царинското работење и улогата на едукацијата за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.