Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување

    1. Насловна
    2. Активности
    Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна  акција на РСБСП и Триглав Осигурување
    8 октомври 2019

    Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Детската љубов нема граници, ниту пак нивниот живот има цена. Се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, тоа е наша привилегија, наша обврска и наш заеднички приоритет – потенцираат од РСБСП и Триглав Осигурување, во најава на новата сообраќајно превентивна акција, насловена како „Безбедни училишта – безбедни првачиња“.

    Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие, во кое што живееме. Поради тоа, децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижат за безбедноста на децата во сообраќајот и согласно со тоа, РСБСП и Триглав Осигурување повторно ја реализираат акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“,  која што е составен дел од кампањата „Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“.Сообраќајната култура, етиката и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмала возраст. Единствено преку континуирана едукација, преку силни и континуирани сообраќајно превентивни и едукативни кампањи, наменети пред сѐ за децата, може долгорочно и трајно да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата. Токму тоа е целта на акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“. Фокусот на оваа акција се токму  најмалите, тие кои се најранливи, најнебезбедни, но и најподготвени брзо и ефикасно да учат и да го применуваат тоа што го научиле.  

    Акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“ започна денес во ООУ „Киро Глигоров“,  во општина Центар  – Скопје, а ќе се реализира во наредните два месеци и во нејзини рамки ќе бидат опфатени  повеќе од 50 училишта, во повеќе од 30 општини. Целта на акцијата е оспособување на децата од прво одделение за безбедно движење до училиштето и назад до својот дом, сообраќајна едукација и нивна поголема видливост во сообраќајот. За таа цел 4.000 првачиња ќе добијат безбедносни флуоресцентни елечиња.Покрај флуоресцентни елечиња, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања, со цел едукација и запознавање на децата-првачиња со основните правила и прописи во сообраќајот. Едукативните настани ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира и друг едукативен материјал.  Главниот „ јунак“ на настаните ќе биде маскотата „ Кучето пази“, кое има за задача да им  пренесе на децата „тајни“ и корисни совети за тоа како безбедно да учествуваат во сообраќајот,  каде смеат и каде не смеат да играат, како да ја поминуваат улицата, што треба да прават кога се возат во автомобил, итн.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување апелираат за безбедно и одговорно  учество во сообраќајот, особено во близина на училишта и градинки и  на сите останати места, каде има зголемено учество на децата во сообраќајот.

                                   „ Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“. 

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Едукативна кампања на РСБСП за поголема безбедност на децата во сообраќајот
    Следна Објава:
    Едукативна кампања на РСБСП и Триглав Осигурување
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS