„Без изговори!“ Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Без изговори!“ Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници

    1. Насловна
    2. Активности
    „Без изговори!“ Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници
    29 декември 2018

    Новогодишната еуфорија помалку или повеќе се чувствува кај секој од нас. Предновогодишните и новогодишните прослави се во полн ек. Кафеаните и кафулињата се полни, а раздвиженоста се чувствува и на плоштадите и во трговските центри. Тротоарите се преполни со пешаци, а гужвата во сообраќајот е составен дел од празничната атмосфера.

    Сите сакаат да ги поминат најубавите празници во годината, Нова Година и Божиќ, во позитивна атмосфера, со добра забава, во добро расположение и во друштво на најблиските, најсаканите и најдрагите. Онака како што доликува за Нова Година. 

    Но, за да останете весели и среќни и во добро расположение и во 2019 година, треба да го задржите разумот и свеста во овие весели и празнични денови.

    Добро познат факт е дека најмногу консумиран, а веројатно неизбежен и „одговорен“ за добра забава на секоја прослава е алкохолот. Некои велат, без алкохол, нема добра забава. Некои велат, консумирај одговорно и помалку и не е страшно, иако, најголем дел од граѓаните, многу добро ги знаат штетните последици од консумирањето алкохол. А за ризикот и за опасноста од возење во пијана состојба, нема кој не знае. И покрај тоа, пијаните возачи сѐ уште се присутни на патиштата и претставуваат сериозна закана за самите себе, но и за останатите учесници во сообраќајот. 

    РСБСП апелира: За добри и весели празници, за среќна и весела 2019 година – не управувај моторно возило под дејство на алкохол! Изборот е едноставен: доколку консумираш алкохол – не возиш, доколку возиш – не консумираш алкохол. Да, тоа е толку едноставно, а во суштина, спасува живот. Изборот е твој, а од твојот избор, зависи дали ќе ги поминеш празниците во добро расположение, ќе добиеш казна од полицијата и одземање на возачката дозвола, или пак ќе завршиш во болница или најстрашното – новогодишната ноќ за некого ќе заврши фатално. 

    Колку и да звучи неубаво, на некого можеби и делумно ќе му се расипе празничното  расположение, сепак таа е вистината, таа е реалноста и секогаш треба да бидете свесни за сериозноста од последиците и за ризикот на кој се изложувате доколку возите под дејство на алкохол.

    Ако немате некоја голема или неодложна потреба, најдобро е да го оставите возилото и да побарате друга форма на транспорт. Студеното време, ниските температури, замрзнатите и влажни коловози и маглата на патиштата, можат да ви направат проблеми. Затоа, најдобро е да користите такси или друг јавен превоз. 

    И не заборавајте: не му дозволувајте на пијан возач да вози и да ве вози! Не го доверувајте вашиот живот и вашето здравје, како и животот и здравјето на вашите најмили, на вашите најблиски, на човек под дејство на алкохол!

    Затоа, без изговори. Бидете внимателни и одговорни зад воланот за време на новогодишните празници. Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави,  и забави, не ви дава право да управувате моторно возило под дејство на алкохол. Напротив,  ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност.

    На сите учесници во сообраќајот, РСБСП им посакува среќна Нова Година, со желба за добро здравје и многу успех на секое поле, воедно повикува на разумно и одговорно учество во сообраќајот.

    Секој километар во 2019 година, нека ви биде безбеден и исполнет со љубов!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Пијан зад волан, апсолутно никогаш! Без изговори, без оправдувања!
    Следна Објава:
    Препораки за возачите и за пешаците: како да останат безбедни во сообраќајот во зима
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS