Денес, во Велес, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжија со активности од кампањата за подобрување на безбедноста на пешаците, под мотото „И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Оваа кампања се реализира неколку месеци во голем број градови од РСМ.
Целта на кампањата е да се подигне свеста за подобрување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата. На жителите на Велес им беа упатени апели за почитување на сообраќајните правила и прописи, особено оние кои се однесуваат на пешаците, и се даваа препораки за однесување и на пешаците и на возачите затоа што нивната безбедност е заедничка грижа и треба заедно да придонесеме за поголема безбедност на сообраќајот.