МАТУРСКИТЕ ПРОСЛАВИ НЕКА ПОМИНАТ БЕЗ СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    МАТУРСКИТЕ ПРОСЛАВИ НЕКА ПОМИНАТ БЕЗ СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    МАТУРСКИТЕ ПРОСЛАВИ НЕКА ПОМИНАТ БЕЗ СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ
    20 мај 2022

    Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. РСБСП секоја година редовно повикува на совесност и одговорност на матурантите и на нивните родители, а укажува на сериозноста на можните последици од сообраќајни инциденти.

    Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и почеток на друга фаза во животот на младите. Одбележувањето на матурирањето најчесто е незаборавно, но загрижува начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки, се управува моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, се прават фотографии и видео записи и се објавуваат на социјалните мрежи за време на управување со возилото и слично. Секако, тоа не е вистинскиот начин да се демонстрира матурирањето на дело.

    Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години, покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот.

    Затоа, во пресрет на матурските прослави, РСБСП на матурантите им укажува на страшните последици кои може да се случат заради непочитување на сообраќајните правила и прописи или невнимание во сообраќајот, а на родителите им упатува апел: Не им дозволувајте на вашите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил или да бидат возени од друг матурант. Вие одведете го своето дете матурант до местото на матурската прослава и намалете го ризикот од сообраќајни незгоди.„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои изминатите години Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги упатуваше до матурантите и нивните родители.

    РСБСП им ја честита матурата на сите матуранти и апелира:

    Матуранти – млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот! Оваа година, матурските прослави нека поминат БЕЗ сообраќајни инциденти.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одбележан јубилејот со свечена академија, „60 години од постоењето на Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата
    Следна Објава:
    АКТИВНОСТИ ОД КАМПАЊАТА ЗА ПЕШАЦИ ВО ВЕЛЕС
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS