РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    21 декември 2025

    Во текот на овие денови и зимските месеци, кога честата појава на магла и намалена видливост значително ги отежнува условите за одвивање на сообраќајот, се зголемува и ризикот од настанување на сообраќајни незгоди. Намаленото видно поле, отежнатата проценка на растојанијата и побавната реакција на возачите се меѓу главните фактори што придонесуваат за потешки сообраќајни незгоди, вклучително и верижни судири со тешки последици.

    Со цел унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, апелираме и советуваме до возачите за строго почитување на следните препораки при возење во услови на магла и намалена видливост:

    • Брзината на движење да биде прилагодена на видливоста, состојбата на патот и густината на сообраќајот, со можност за навремено и безбедно запирање.
    • Да се одржува поголемо безбедно растојание помеѓу возилата, со цел навремена реакција при опасности на патот и ненадејни состојби.
    • Да се користат соборени светла за осветлување на патот и светла за магла, доколку возилото ги поседува, а да се избегнува употребата на долги светла, кои дополнително ја намалуваат видливоста поради рефлексија од маглата.
    • Во услови на густа магла, возачите да бидат видливи за останатите учесници, а доколку е потребно, да ги вклучат и трепкачите како дополнителна светлосна сигнализација.
    • Да се избегнуваат ризични маневри, како што се престигнување, нагло запирање или паркирање на коловозот. Доколку запирањето е неопходно, тоа треба да се направи надвор од коловозот, со соодветна сигнализација – рефлектирачки елек, триаголник или жолто ротирачко светло.
    • Возењето да се одвива поблиску до десниот раб на коловозот, со зголемено внимание на хоризонталната и вертикалната сигнализација.
      Избегнувајте патување навечер и рано наутро кога маглта и намалената видливост се најизразени.

    Посебен апел се упатува до младите и недеволно искусни возачи, кои треба да покажат дополнителна претпазливост и одговорност при управување со возилото во вакви временски услови.

    Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Со внимателно, совесно и дисциплинирано однесување, секој возач може да придонесе кон заштита на сопствениот живот, како и животите на останатите учесници во сообраќајот.

    " Безбедно возење, безбедно растојание, внимателно однесување, возење во магла, дисциплинирано возење, заедничка одговорност, магла, намалена видливост, престигнување, светла за магла, сообраќајна безбедност, сообраќајни незгоди, утринска магла
    Претходна Објава:
    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот

    Прва национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП Апел за внимателно и одговорно возење во услови на магла и намалена видливост
    • Претседателот и претставници на РСБСП, дел од работилница за нацрт методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот
    • РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS