РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    16 ноември 2025

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) со соработка со МВР, Факултет за безбедност-Скопје, како и останатите партнери на ден 16.11.2025 во Градскиот парк во Скопје го одбележа „Светскиот ден на сеќавање жртвите од сообраќајни незгоди“.

    На одбележувањето на настанот, од страна на претседателот Горан Ангеловски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, заеднички беа испратени силни пораки за почитување на животот и за потребата од градење на повисока сообраќајна култура.

    Претседателот Ангеловски истакна дека РСБСП изминатиот период активно работи со нов пристап на кампањите преку едукација, превенција и подигнување на јавната свест.

    „Овој ден не е само момент на тага – тој е повик. Повик до сите нас, граѓани, возачи и институции, да се соочиме со реалноста која секојдневно носи нови загуби. Секој живот изгубен на патот остава длабоки траги, не само врз семејствата, туку и врз општеството. Не е доволно само да жалиме, мораме да делуваме“, порача Ангеловски.

    На овој ден не треба да се заборави дека безбедноста во сообраќајот не е само индивидуална одговорност, туку заедничка мисија. Во таа насока директорот на БЈБ, Александар Јанев, ја истакна важноста на партнерството меѓу институциите и граѓаните.

    „Тие животи не се бројки. Тоа се имиња, лица и индивидуални приказни што предвреме завршиле. Не смееме да дозволиме македонските патишта да станат поголемо бојно поле по згаснати животи отколку реалните воени конфликти. Токму затоа сите ние како граѓани, родители, возачи, како дел од општеството и како институции имаме заедничка обврска да ја подигнеме свеста, да влијаеме со личен пример и со секојдневни разговори да градиме подобра сообраќајна култура“, истакна директорот Јанев, додавајќи дека полицијата е само една алка од целиот систем.

    Во рамки на настанот симболично беа пуштени балони со бројот 142 кој го означуваат и бројот на загинати лица во 2024 година, како и симболичен марш низ Градскиот парк во чест на жртвите во сообраќајни незгоди.

    Притоа, беа поделени превентивно-едукативни летоци со порака да се присетиме на вредноста на човековиот живот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи. Во реализацијата на овој настан активно учество зедоа и учениците од сообраќајната секција на АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје.

    Во текот на наредните денови низ градовите ширум Републиката, РСБСП во соработка со Општинските совети (ОСБСП) и МВР продолжуваат со реализација на активности за одбележување на „Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“.

    РСБСП апелира: Нека денешниот ден биде потсетник, но и нов почеток – кон одговорно однесување, кон живот, не кон смртта – „секој живот е важен“!

    " Александар Јанев, БЈБ, Горан Ангеловски, Градски парк, Ден на жртви во сообраќајот, Жртви, МВР, ОДбележување, РСБСП, Скопје
    Претходна Објава:
    РСБСП од наплатна станица „Петровец“ ја започна зимската кампања на терен #РСБСПвоЗима
    Следна Објава:
    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
    • РСБСП во Струмица со едукативно предавање за повозрасните граѓани во рамки на „Недела на пешаците“
    • РСБСП со нова кампања ја започнува „Недела на пешаците“ и побезбеден сообраќај за пешаците

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS