КАМПАЊА „БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ТРАКТОР И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    КАМПАЊА „БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ТРАКТОР И ЗЕМЈОДЕЛСКИ МАШИНИ“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    11 септември 2024

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, секоја година во овој временски период, реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината.

    Кампањата се спроведува на територијата на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни разговори со нив и други активности, со цел подигање на свеста за управување на технички исправни, регистрирани и видливи трактори и земјоделски машини заради нивно одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

    РСБСП потсетува дека возачите на трактори, мотокултиватори и други земјоделски машини се рамноправни учесници во сообраќајот и дека возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот треба да ги почитуваат и да им обрнат соодветно внимание, особено во овој период од годината кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности.

    Истовремено, посочува и на неопходноста возачите на трактори и земјоделски машини да управуваат со технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, да избегнуваат учество во сообраќајот ноќе и за време на неповолни временски услови (дожд, магла), а посебно внимание да посветат на нивната што поголема видливост во сообраќајот.

     

    РСБСП упатува апел до возачите на трактори и земјоделски машини: Возете регистрирани, технички исправни и означени возила. Бидете видливи во сообраќајот и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Возете одговорно! БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!

    " Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Препораки, РСБСП, Совети, Трактори
    Претходна Објава:
    Реализирана летната кампања „За безбедно лето“
    Следна Објава:
    Европска недела на мобилност 2024
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“

    РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“

    РСБСП дел од „III Македонски конгрес за патишта – 2025“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП на терен во Босилово со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртви од сообраќајни незгоди“
    • РСБСП со активности за одбележување на „Светскиот ден на жртвите во сообраќајот“
    • РСБСП од наплатна станица „Петровец“ ја започна зимската кампања на терен #РСБСПвоЗима

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS