Летна кампања „Безбедно лето 2022“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Летна кампања „Безбедно лето 2022“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Летна кампања „Безбедно лето 2022“
    17 август 2022

    РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Безбедно лето 2022“ која се спроведува под мотото „Вози одморен“. Притоа потсетуваат дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани  за патување, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани.
    Возете одморени, возете безбедно!Вози одморен! Заморот може да биде фатален за возачите! Значително намален бројот на жртви во сообраќајот.
    Денеска на автопатот „Пријателство“, на првата наплатна рампа до граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност продолжија со превентивната акција „Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор.
    „РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Вози одморен“. Потсетуваме дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани кога управуваат возило, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани. Возете одморени, возете безбедно!“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
    Портпаролот на МВР потенцира дека возачите не смеат да го потценуваат заморот, затоа што тоа може да има фатални последици. Токму поради тоа и се реализираат ваквите превентивни активности, за да се потсетат возачите на можните последици од непочитувањето на правилата.
    „Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за нас. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите седум месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите седум месеци од 2022 година има 61 жртва, што е за 19 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 80“, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    СОВЕТИ ОД РСБСП ЗА БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2022
    Следна Објава:
    Безбедно лето 2022. Превентивни активности на граничниот премин Меџитлија 
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS