Денес, на граничниот премин Меџитлија, РСБСП, полициски службеници од СВР Битола, Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола и полициски службеници од гранична полиција, во рамки на кампањата ,,Безбедно лето 2022”, реализираа превентивна активност под мотото „ВОЗИ ОДМОРЕН“. На возачите им беа поделени флаери со содржини од безбедноста на сообраќајот и ладна вода за освежување. Со секој од нив беше поразговарано за важноста да се биде одморен кога се тргнува на пат.
Овој настан беше медиумски поткрепен од Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова и Претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуваровска која потенцирајќи ја важноста истакна: ,,Упатуваме препорака за оние кои патуваат на подолги релации да запираат барем на секои 2 часа за да направат пауза од 15 минути, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да избегнуваат патување ноќе кога е намалена видливоста, да возат одморени и наспани, затоа што безбедноста на сите учесници во сообраќајот секогаш треба да биде на прво место”.