БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ, РЕДОВНО ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ – За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ, РЕДОВНО ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ – За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ, РЕДОВНО ПОЧИТУВАЈТЕ  ГИ  СООБРАЌАЈНИТЕ ПРАВИЛА И ПРОПИСИ – За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај
    8 јуни 2022

    Се чини дека повеќе од кога било велосипедот како превозно средство, се наметнува како неопходен начин за учество во сообраќајот. Растот на цените на енергенсите, зголемената фреквентност на сообраќајот, убавото време, но и здравиот начин на живот, се едни од клучните причини зошто треба да се избере велосипед како превозно срество.

    Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри, во урбана средина, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на автомобилот, од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација и од аспект на полесно паркирање. Паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и одзема многу помалку простор.

    Со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство се заштедуваат финансиски средства кои би се давале за гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поевтина опција отколку купувањето автомобил.

    Велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и треба да се почитуваат како и останатите моторизирани и немоторизирани учесници во сообраќајот.

    Бидете внимателни возачи и внимавајте на велосипедистите во сообраќајот. Но, и велосипедистите исто така се должни да внимаваат на останатите учесници во сообраќајот.

    РСБСП советува велосипедистите да бидат внимателни и да го почитуваат следното:

    •  да се движат што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека – по велосипедската патека, односно лента;

    •  пешачките премини да ги поминуваат низ пропишаната црвена патна лента лоцирана непосредно до сообраќајната зебра, а доколку нема таква патека, пешачкиот премин да го преминат симнати од велосипедот;

    •  ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, да се движат по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот;

    •  на велосипедски патеки кои се уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите треба да се движат по десната страна во правецот на движењето;

    •  брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента е ограничена на 25 km/h.

    Мобилноста на велосипедот, брзото и практично движење, како и исплатливоста, го зголемува бројот на велосипедисти во сообраќајот. Но, секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. Затоа бидете одговорни велосипедисти и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи!

    РСБСП со апел: За здрави животни навики, за чиста животна средина, за побезбеден сообраќај – користете и поддржувајте алтернативни форми на мобилност (пешачење, велосипедизам и јавен превоз).

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одбележан – Светскиот ден на велосипедот
    Следна Објава:
    Собранието на Националното здружение на авто-школи и возачи-инструктори ОБУКА-Л, одбележа 30 години од неговото формирање
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS