Во периодот од 02.06 до 05.06.2022 година, во Струмица се одбележа 3 Јуни, Светскиот ден на велосипедот. РСБСП имаше свои активности во рамки на манифестацијата за љубителите на велосипеди, насловена како ,,Вело Струмица”. На истата беа присутни претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Беше одржан неформален Вело час со учениците од основните училишта. На него се разговараше за опремата која треба велосипедистите да ја поседуваат, нивната физичка подготвеност, како и за вело културата воопшто. На учесниците на настанот, РСБСП им подели светла за означување. Посебен акцент беше ставен на развивањето на еколошката свест кај населението и на огромната важност за замена на возилото со велосипед, таму каде што тоа е можно.