Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Кампања на РСБСП: „Безбедно возење со трактор“
    30 септември 2021

    Возачите на трактори и други работни машини, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и согласно со Законот за возила, за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со  технички исправни и регистрирани возила.

    Искуството од терен и податоците од Станиците за технички преглед на возила, покажуваат дека  голем број на возачи на трактори и работни машини не поседуваат соодветна возачка дозвола и голем број на трактори, мотокултиватори, приколки и други работни машини, учествуваат во сообраќајот, нерегистрирани, неосигурани, неосветлени и технички неисправни.

    Заради ваквата состојба,  РСБСП донесе одлука за реализација на Кампања за безбедно учество во сообраќајот со земјоделска механизација и работни машини. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за сериозните последици од неодговорното учество во сообраќајот со трактори и работни машини.

    Кампањата ќе се реализира на територијата на цела држава, во сите земјоделски региони и ќе се реализира со поддршка на Министетрството за внатрешни работи и Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, и други. 

    Во рамките на наведената кампања, РСБСП во соработка со МВР, ќе организира повеќе настани и активности и тоа: сообраќајни контроли, едукативни разговори и поуки со возачите на трактори и работни машини, дистрибуција на едукативни материјали, во прв ред, засилени активности за едукација на возачите на наведената категорија на возила, за потребата од поголема видливост на тракторите, приколките и другите работни машини во сообраќајот, дистрибуција на флуоросцентни траки, триаголници, ротациони светла итн.

    Покрај тоа ќе бидат реализирани и активности преку електронските и социјалните медиуми, со цел,  за подигнување  на свеста за последиците од неодговорното учество во сообраќајот со трактор, приколка, мотокултиватор, итн.

    Реализацијата на оваа кампања ќе придонесе за повисока сообраќајна едукација на возачите на трактори, приколка, мотокултиватор и останатите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на загинати и повредени  лица во сообраќајни незгоди.

     РСБСП упатува апел до возачите на трактори и други работни машини да бидат внимателни при управувањето со нив и да ги означат со законски пропишаната сигнализација, со цел да бидат видливи за останатите учесници во сообраќајот со што би се избегнале евентуални сообраќајни незгоди кои може да резултираат со повреди и загуби. Безбедноста на возачите на трактори и на останатите учесници во сообраќајот секогаш треба да биде на прво место!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Родители, внимавајте! Во сообрајќајот, вие сте примерот кој го следат вашите деца!
    Следна Објава:
    Во периодот 30.09.2021- 01.10.2021 година, во Загреб се одржа Меѓународен симпозиум
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS