11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот! РСБСП со апел:Повисоко ниво на сообраќајна култура, основен предуслов за побезбеден сообраќај! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот! РСБСП со апел:Повисоко ниво на сообраќајна култура, основен предуслов за побезбеден сообраќај!

    1. Насловна
    2. Активности
    11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот! РСБСП со апел:Повисоко ниво на сообраќајна култура, основен предуслов за побезбеден  сообраќај!
    11 мај 2020

    Сообраќајната култура е специфичен вид на култура која треба да ја поседува и секојдневно  да ја практикува секој учесник во сообраќајот.

    Сообраќајната култура е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и  умеење да се управува со возило, туку истовремено  претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување. Со други зборови, сообраќајната култура  претставува  начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на  движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока  на  исполнување на општите и заеднички  интереси на сите учесниците во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на  сообраќајот.Културата и етиката во сообраќајот се учат од мали нозе. Самиот  процес на едукација е далеку полесен процес од процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи,  а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е дел од личноста на еден човекот и  претставува одраз на  неговиот карактер и како човек и како  учесник во сообраќајот.

    Карактеристично е тоа што најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура и етика не се на потребното и на посакуваното ниво, но за жал  речиси сите  ги бараат причините, вината и пропустите кај другите, а истовремено заборавајки дека сообраќајот е сложен систем, мозаик во кои сите ние партиципираме.

    Учество во сообраќајот е дејствие кои сите ние секојдневно го реализираме како пешаци, велосипедисти, мотоциклисти, возачи на моторно возила, патници, итн.За сите учесници во сообраќајот постојат јасно дефинирани и прецизни правила и прописи кои сите треба да ги знаат, но и да ги почитуваат. Унапредување на културата, етиката и толеранцијата во сообраќајот значително ќе придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди,  помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата.

    По повод 11-ти Мај, Денот на културата во сообраќајот, РСБСП со апел: „Повисоко ниво на  култура во  сообраќајот е неопходна со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.  Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и да изградиме систем на општествени вредности во кој културата и етиката во сообраќајот ќе имаат важно и водечко место. Секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот  чинат изгубени човечки животи. 

    Бидете внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, денес и секој друг ден! 

    #ДЕННАКУЛТУРАТАВОСООБРАЌАЈОТ              

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!
    Следна Објава:
    Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Последни објави од РСБСП

    • Потпишан Меморандум за соработка меѓу РСБСП и АВМУ за зголемување на безбедноста во сообраќајот
    • РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    • 11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS