РСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Бидете внимателни и одговорни зад воланот за првомајските празници!
    30 април 2020

    1 мај – меѓународниот ден на трудот, се празнува ширум светот а традициолнално се празнува и кај нас. Овој празничен ден најчесто се користи за патување,  излети во природа и дружење со семејствата и пријателите. Пандемијата со Covid 19, забраната  за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослави и како ќе се однесуваат граѓаните на овој празничен ден.

    Голем дел од граѓаните оваа година  ќе останат во своите домови, а еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кај своите блиски, во викенд куќи, во планина, на езеро,….  За голем дел од граѓаните оваа ќе биде можност да се излезе од изолација, можност да се „земе“ свеж воздух,  да се наполнат со нова енергија, оптимизам,  нови сили,  идеи,  визии,… Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти.Во овие моменти важно е да се знае, да се задржи здравиот разум и одговорноста, да се почитуваат  сите препораки на здравствените институции и надлежните органи со цел заштита од понатамошно ширење на вирусот. Доброто празнично расположение треба да остане, да биде  присутно и да продолжи и после празниците.

    За да биде тоа така, покрај почитување на препораките за заштита од ширење на вирусот, особено важно е внимателно и одговорно да се  учество во сообраќајот. Искуствата од минатите години загрижуваат,  а загрижува и фактот што и покрај тоа што интензитетот на сообраќајот е значително намален, во последниот период се случија неколку сообраќајни незгоди со загинати и тешко повредени лица. 

     Согласно тоа, а по повод првомајските празници, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, до сите учесници во сообраќајот, апелира:

    –     возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

    –     почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,

    –     не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол,

    –     почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

    РСБСП посебен апел упатува до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација. Совесното учество во сообраќајот е одраз на одговорни и стабилни лица и затоа РСБСП уште еднаш апелира  за одговорно и внимателно учество во сообраќајот бидејки последиците и загубите од сообраќајните незгоди се фатални, трајни и ненадоместливи.

    Безбедното одвивање на сообраќајот  зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време. Да не се каете за последиците, бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателно и одговорно учество во сообраќајот, внимателно возење е основен предуслов за безбедни празнични денови.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува безбедни празници.

    #ВОЗИОДГОВОРНО

     

     

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    2500 заштитни маски од РСБСП за сообраќајната полиција
    Следна Објава:
    11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот! РСБСП со апел:Повисоко ниво на сообраќајна култура, основен предуслов за побезбеден сообраќај!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025

    Карванот на безбедност во сообраќајот на РСБСП и МВР овој викенд во Дојран

    РСБСП и МВР со кампања за безбедно учество во сообраќајот со е-тротинети

    Последни објави од РСБСП

    • Инклузија во сообраќајот- секое дете е важно
    • РСБСП со активности по повод Европската недела на мобилност 2025
    • РСБСП со 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, продолжува одличната меѓуинституционална соработка со МВР

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS