Во овие тешки моменти најважно е да бидеме сплотени, единствени и солидарни едни спрема други. Покрај здраствените работници, припадниците на министерството за внатрешни работи исто така се соочуваат со бројни искушенија и предизвици со цел успешно справување со новонастанатата состојба со вирусот Covid 19. Во знак на солидарност и поддршка РСБСП донира 2500 заштитни маски за сообраќајната полиција. Партнерството и соработката помеѓу РСБСП и МВР продолжуваат и во услови на пандемија. Во овој период најважно е сите и како поединци и како институции да бидеме одговорни и сплотени и меѓусебно да се поддржуваме и помагаме.
#sedisidoma
