РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

    1. Насловна
    2. Проекти
    РСБСП: Стави појас, спаси живот, спречи повреди!
    21 март 2020

    Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди.  Истражувањата покажуваат дека 50% од возачите кои животот го загубиле во сообраќајна незгода, загинале поради тоа што не користеле појас, односно  истражувањата покажуваат дека сигурносниот појас го намалува ризикот од фатални последици при сообраќајна незгода дури  за 50%.

    Возачите и патниците мора да сватат дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за нивна лична безбедност и заштита на нивниот живот и нивното здравје.  Во случај на сообраќајна незгода,  сигурносниот појас го  забавува   и  го спречува  движењето на телото кон цврстите делови на возилото, со што се апсорбира голем дел од силата што се ослободува при судир и на тој начин последиците од сообраќајната незгода во значаен дел се амортизираат.

    Основната цел на користењето на сигурносниот појас е да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир и  да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и на тој начин да се спречат повредите поради контакт со внатрешните делови од автомобилот.

    Доколку возачот односно патникот не користи сигурносен појас може да настанат повеќе видови на повреди кои многу често се фатални.  Како најчести видови и начини на повреди  се издвојуваат:

    • При не користење на појас, долниот дел на телото се лизга напред, колената удираат во долниот дел од предната маска. Како последица се јавуваат скршеници на нозете и комплицирани повреди на колената кои најчесто завршуваат со траен инвалидитет.
    • Горниот дел од телото се придвижува нанапред, главата удира во горниот дел на каросеријата. Последица, тешка повреда на главата, неретко последиците се фатални.
    • Главата удира на предното стакло, го крши или удира во таванската конструкција. Градниот кош налетува на воланот. Последици се повреди на главата, лицето и на очите, како и прелом на градниот кош. Повреди кои најчесто се фатални.
    • Вратот и лицето паѓаат на воланот, главата удира во предно ветробранско стакло, а последиците се прелом на черепот, скршени ребра и тешко внатрешно крвавења. Сериозни и тешки живото загрозувачки повреди.
    • Главата се враќа назад и се зафрла зад седиштата. Последиците се кршење на вратните пршлени на рбетниот столб. Исто така сериозни повреди со фатален исход.

    Најдобро е да бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот  и на тој начин да го намалите ризикот од сообраќајни незгоди. Со оглед на тоа дека ризикот од сообраќајни незгоди не може да се елиминира целосно, важно е да знаете дека многу сериозни и живото загрозувачки повреди  може да бидат избегнати  доколку редовно користете појас.

    Затоа РСБСП со апел:  Биди паметен! Стави појас, спаси живот, спречи повреди!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    semaforko.mk – Веб страна на РСБСП за сообраќајна едукација на децата
    Следна Објава:
    2500 заштитни маски од РСБСП за сообраќајната полиција
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS