РСБСП продолжува со сообраќајно превентивни активности на локално ниво: „ Го сакам градот безбеден “ – оваа недела во Битола – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП продолжува со сообраќајно превентивни активности на локално ниво: „ Го сакам градот безбеден “ – оваа недела во Битола

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП продолжува со сообраќајно превентивни активности на локално ниво: „ Го сакам градот безбеден “  –  оваа недела во Битола
    2 септември 2018

    Кампањата „Недела за безбедност на сообраќајот во мојата општина“ која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР, ОСБСП, Единиците на локалната самоуправа и останатите надлежни институции на локално ниво продолжува и во наредниот период.

     „Го сакам градот безбеден“ е мотото под кое во наредните  седум дена ( од 2 до 9 Септември)  во  Битола  ќе се  организираат повеќе сообраќајно превентивни активности со цел побезбеден град и побезбеден сообраќај.Во рамките на акцијата  „Го сакам градот безбеден“ во наредните седум дена во Битола  ќе се реализираат голем број на сообраќајно едукативни активности наменети за сите групи учесници во сообраќајот и тоа: организација на  едукативни предавања за децата од основните училишта, организација на алкопатроли и други јавни настани во повеќе угостителски објекти со цел едукација на младите за неуправување на моторно возило под дејство на алкохол, организација на активности за едукација на возачите за некористење на мобилни телефони при управување со моторно возило. Ќе бидат реализирани и активности за едукација на возачите за правилно паркирање и за последиците од неправилното паркирање. Покрај тоа, ќе биде организирана и акција за подобрување на сообраќајната инфрструктура пред основните училишта и детските градинки, ќе се организира  стручна советување на кое ќе учествуваат  сите надлежни субјекти на локално ниво  на тема: „Како до побезбеден сообраќај во Битола“  и многу други активности.  Покрај големиот број јавни, сообраќајно едукативни активности и настани кои ќе бидат реализирани  во наредните седум дена во Битола, акцијата „ Го сакам градот безбеден“ ќе биде поддржана од повеќе јавни линости со цел афирмација на кампањата и афирмација на нејзините цели и  информираност, едукација и подигање на  свеста кај граѓаните за потребата од одговорно учество во сообраќајот за побезбеден сообраќај на подрачјето на општина Битола и пошироко.

     Повеќе јавни површини, билборди и други јавни места во Битола  ќе бидат брендирани со пораки за одговорно учество во сообраќајот. Исто така, во рамкита на акцијата „Го сакам градот безбеден“ во Битола, ќе бидат поделени голем број на креативни сообраќајно едукативни материјали  ( маици,  флаери, налепници,  освежувачи за во автомобил, мапа за велопатеки, и др.) Кампањата ќе биде поддржана и преку електронските и социјалчните медиуми на РСБСП, ОСБСП, општина Битоа и останатите партнери и поддржувачи.

     РСБСП ги повикува сите општествени чинители, сите учесници во сообраќајот, сите граѓани на Битола да ја поддржат акцијата „ Го сакам градот безбеден“.  Само Вие можете да ја направите Битола побезбеден град за движење, побезбеден и поубав град за живеење. Почитувајте ги сообраќајни правила и прописи, почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, бидете одговорен, културен и толерантен учесник во сообраќајот. Директно или индиректно бидете дел  од акцијата „ Го сакам градот безбеден“ за побезбеден сообраќај и помалку настрадани лица на улиците и патиштата во Битола и пошироко.

    Го сакам животот!  Го сакам градот безбеден!  Учествувам одговорно во сообраќајот!  Недела за безбедност на сообраќајот во  Битола!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одличен 5 ако внимаваш на децата во сообраќајот!
    Следна Објава:
    Во новата учебна година, со заеднички сили до поголема безбедност на децата во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS