Младите, летните забави, возењето во раните утрински часови и безбедноста во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Младите, летните забави, возењето во раните утрински часови и безбедноста во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    Младите, летните забави, возењето  во  раните утрински часови и безбедноста во сообраќајот
    29 јуни 2018

    Возењето во раните утрински часови може да претставува проблем за младите возачи и потенцијален ризик  да се соочат со тешкотии при управувањето со возилото.

    Ослободени од училишните и од факултетските обврски, во периодот од годината кога бројните концертни настани и отворените летни дискотеки ветуваат добра забава до раните утрински часови, секој млад човек со нетрпение чека да се собере друштвото и да си овозможи нова летна авантура. Секако, задоволството не би било комплатно доколку денот не се искористи максимално и не се направат повеќе работи одеднаш. И пред да го зграпчите зајдисонцето и да се препуштите на лудите летни авантури, не заборавајте: Младост е да уживаш во летните авантури, лудост е тие да прекинат зад воланот!

    По долгиот и жежок ден, спасот да се подише свеж воздух и да се разладат, младите го наоѓаат надвор од своите домови, на тревата во парк, во кафе бар или во некоја од градските дискотеки. Разладени со некоја пијачка плус, понесени од атмосферата и од друштвото, по добро поминатата вечер скоро секое друштво се собира на „афтер парти“ на локација на која нема да пречат никому и дома се враќаат во рана зора кога започнува новиот ден.

    Една од  малку предвидливите ситуации, која како релативно нови учесници во сообраќајот младите ретко ја забележуваат а е многу опасна и е одговорна за голем број сообраќајни незгоди предизвикани од млади возачи – е возење уморни во раните утрински часови.

    Она што младите  не го предвидуваат е заморот што го совладува  организмот,  без разлика на силата и енергијата што ја чувствуваат во тој момент. Возењето во услови на мрак е само по себе опасно бидејќи е потешко да се види патот пред себе, но возењето во услови на зазорување е уште поопасно бидејќи  човечкото око се бори со светлината што се пробива од мракот и се напрега да се фокусира на објектите на патот, односно на самиот пат, на луѓето и на другите возила.

    Основен инстинкт на организмот во борбата со заморот и поспаноста е постојаното трепкање на окото со цел  да го одржи организмот буден. Борејќи се со сонот, се намалува концентрацијата и можноста за правилно рассудување, се намалува перцепцијата, реакциите на естремитетите се забавени и можноста за брзо маневрирање е отежната. Сето ова го прави возењето опасно, а грешките се толку големи што чинат живот.

    Дополнително отежнување за заморениот поглед претставуваат и светлата и фаровите од другите возила, односно нивниот одблесок во  ветробранското стакло и ретровизорите на автомобилот, заедно со првите утрински  сончеви зраци. Доколку навистина мора да управувате моторно возило и да учествувате во сообраќајот под вакви околности, имајте во автомобилот еден пар резервни очила за сонце.

    Освен  намалената перцепција и намалениот фокус,  и другите реакции на организмот  во вакви услови, во раните  утрински  часови се исти како кога  се управува моторно  возило под дејство на алкохол.

    Согласно тоа, возењето во раните утрински часови,  покрај тоа што претставува предизвик, претставува и голема опасност  а потврда за тоа е големиот  број  на сообраќајни незгоди што се случуваат во овој период од денот. Според статистиката на РСБСП, најчесто учесници во нив се млади возачи или возачи-почетници.  

    РСБСП со порака: „ Запомнете! Возењето одговорно,  е дел од иднината на секој млад човек.

    Младост без лудост! Вози одговорно!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Повик за доставување апликации за трета младинска обука
    Следна Објава:
    РСБСП со совети како да останете безбедни кога возите сам на подолг пат
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS