Промовирана третата фаза од кампањата “Младост без лудост” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Промовирана третата фаза од кампањата “Младост без лудост”

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Промовирана третата фаза од кампањата “Младост без лудост”
    20 мај 2018

    Доловувајќи го нескротливиот дух и изобилството енергија што ги поседува секој млад човек, на креативен и несекојдневен начин, со изглед што веднаш паѓа во очи и не останува незапаметен, вчеравечер, во ноќните клубови во Скопје, четири млади девојки, ја најавија третата фаза од сѐ популарната кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – „Младост без лудост“. „Што е младост?“ и „Што е лудост?“ ги прашаа присутните гости и ѝм поделија едукативни картички чија цел е да се сврти вниманието за ризиците со кои се соочуваат младите луѓе во сообраќајот и да се разбудат нивните позитивни сообраќајни навики.

    „Кампањата „Младост без лудост“ започна да се реализира минатата година и истата стана препознатлив белег за подигнување на сообраќајната култура и свест кај младата популација. Младите возачи влегуваат во категоријата ранливи учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, во пресрет на летото и на матурските прослави, РСБСП започнува со реализација на третата фаза од оваа интересна и креативна кампања“, велат од РСБСП.

    „Свесни сме за тежината кога е во прашање едукацијата на оваа специфична група учесници во сообраќајот. Но, кампањата ќе биде осмислена и дизајнирана така што на вистински начин ќе се обрати до нив и ќе ги постигне саканите ефекти“. Наша цел е да се подигне сообраќајната свест, култура и одговрност, а истовремено да се намали бројот на загинати и на повредени млади луѓе“, потенцираат од РСБСП.

    „Свесни сме за тежината кога е во прашање едукацијата на оваа специфична група учесници во сообраќајот. Но, кампањата ќе биде осмислена и дизајнирана така што на вистински начин ќе се обрати до нив и ќе ги постигне саканите ефекти“. Наша цел е да се подигне сообраќајната свест, култура и одговрност, а истовремено да се намали бројот на загинати и на повредени млади луѓе“, потенцираат од РСБСП.

    Возење под дејство на алкохол, употреба на психотропни супстанции, возење со брзина поголема од дозволената, како и отсуство на употреба сигуреносен појас и понатаму остануваат главни причини за сообраќајни незгоди во кои гинат млади луѓе.

    Сообраќајните незгоди, според светската статистика, се наоѓаат на врвот на листата „виновници“ за смрт кај младата популација.

    Согласно сообраќајната статистика на Министерството за внатрешни работи, како резултат на лудо и неодговорно учество во сообраќајот, минатата година 32 млади лица на возраст од 15 до 24 години, го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 1433 лица се повредени. Во Европската Унија, околу 20% од вкупниот број загинати се млади лица на оваа возраст. Секој ден, приближно 1000 млади луѓе гинат на патиштата ширум светот.

    И овој пат, РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот, а особено до младите: почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и учествувајте во сообраќајот безбедно и одговорно.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Републички натпревар “Детски семафор” и СТКМ 2018
    Следна Објава:
    Резултати од Државниот натпревар “Детски Семафор” и СТКМ 2018
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS