Сообраќајно воспитни манифестации за поголема безбедност на децата и младите во сообраќајот.
Повеќе од 50 години по ред, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со МВР, МОН, ОСБСП , Локалните самоуправи и Здружението на наставници по техничко образование ги организираат сообраќајно воспитните манифестации за деца и млади „ Детски семафор“ и „ Сообраќајно техничка култура на младите“.
Континуираната сообраќајна едукација на децата и младите е основен предуслов за долгорочно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Сообраќајните навики и културата и етиката во сообраќајот се градат од мали нозе, а совладувањето на сообраќајните правила и прописи значително придонесува за поголема безбедност на децата и младите во сообраќајот.
Да се биде дете и да се учествува во сообраќајот не е едноставна работа а задача на семејството и на надлежните институции е да ѓи едуцираат децата како да се однесуваат во сообраќајот, сега и во иднина, како да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот и како да се заштитат себе си и другите учесници во сообраќајот, сега и во иднина.
Во таа насока денес ( 19.05.2018 год.) во ООУ „Војдан Чернодрински“ Карпош – Скопје, се одржаа државните натпревари „Детски семафор“ и „ Сообраќајно техничка култура на младите“ на кои учествуваа најдобрите ученици кои покажаа најдобри резултати на општинските и регионалните натпревари.
Сите ученици кои учествуваа на манифестациите се победници затоа што основната цел на овие манифестации е едукација и совладување на сообраќајните правила и прописи и обука, оспособување за вешто управување на велосипед и моторцикл.
Сепак најдобри поединечни резултати покажаа:
- Мала група женски
1. Јована Лазарова – Македонска Каменица
2. Евгениа Дамева -Битола
3. Христина Бајрактарска Карпош
- Мала група машки
- Дарио Јаневски – Куманово
- Марко Блажевски – Карпош
- Христијан Стојановски – Битола и Стефан Јошевски – Прилеп
- Голема група женски
- Теодора Николовска – Гевгелија и Стефанија Грозданова – Кавадарци
3.Бисера Илиеска – Прилеп
- Голема група машки
- Нико Лазаревски – Карпош – Скопје
- Христијан Веселиновски – Македонска Каменица
- Дамир Бачевац – Кисела Вода – Скопје
Екипно во „ Детски семафор“ најдобар резултат, прво место за екипата на општина Карпош- Скопје, второ место за екипата на Битола и трето место за екипата на Струмица.
Што се однесува до „Сообраќајно техничка култура на младите“ најдобар екипен пласман покажа екипата на СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, второ место за ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и трето место за ОСУ „Добри Даскалов“ – Кавадарци.
Поединечно најдобри резултати во „Сообраќајно техничка култура на младите“ покажаа:
- Јордан Грков од ОСУ „Добри Даскалов“ Кавадарци и Орце Трпковски од СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
- Антонио Аврамовски од ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово.
Единствено со заедничка грижа на сите надлежни субјекти, со континуирана едукација, со позитивен личен пример кои секојдневно им го демонстрираме на децата и младите во сообраќајот, на долг рок може да изградиме безбеден и сигурен сообраќаен систем во кој сите ќе се чувствуваме безбедно и нема секојдневно да се грижиме за нашата безбедност и за безбедноста на нашите најмили.
РСБСП потсетува дека најголемиот успех на секој учесник во сообраќајот ќе се постигне тогаш кога секој учесник ќе пристигне безбедно на посакуваната дестинација и уште еднаш потсетува дека безбедноста на децата во сообраќајот сега и секогаш треба да биде врвен приоритет на секоја институција и на секој учесник во сообраќајот.