Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура како фактор за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата – тркалезна маса на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура како фактор за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата – тркалезна маса на РСБСП

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    25 јануари 2016

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на Законските надлежности и Програмските активности за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во 2016 година, а согласно мерките и инструментите од Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020, на 25 јануари 2016 година, организираше тркалезна маса на тема:

    „УНАПРЕДУВАЊЕТО НА СООБРАЌАЈНАТА ИНФРАСТРУКТУРА-ФАКТОР ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

      На тркалезната маса, со воведни излагања, земаа учествуво: Заменик Председателот на Владата на Република Македонија, м-р Владимир Пешевски, Државниот секретар на МВР, г-ѓа Анастасија Илиоска, Директорот на Агенцијата за патишта, г-дин Александар Стојанов и Претседателот на РСБСП, м-р Стојче Стаменковски.

      Со стручни излагања на темата учествуваа:  Доц. д-р Зоран Јошевски, Доц. д-р Горан Мијоски и Доц. д-р Даниела Колтовска Нечоска.

       Со вклучување во дискусиите и изнесување свои идеи и предлози, учествуваа и претставници од повеќе институции во Република Македонија, претставници од академската заедница и експерти во областа на патната инфраструктура и сигнализација.

    Заклучоци и препораки

         Од сите заклучоци и согледувања, кои произлегоа од дискусиите на оваа тркалезна маса, а кои се во функција на унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, посебно ги издвојуваме следниве:

     

    • Патната инфраструктура е важен елемент кој влијае врз безбедноста на патниот сообраќај, и поради тоа, неопходно е континуирано мапирање и рангирање на безбедноста на патиштата, како и преземање на мерки кои ќе бидат во функција на подобрување на критичните делници,
    • Безбедноста на патиштата треба да се следи според воспоставени индикатори и EURO RAP методологијата,
    • Системски приод од страна на сите чинители и инволвирани страни, со што би се создал ефективен систем за унапредување на безбедноста на сообраќајот,
    • Поддршката од Владата на Република Македонија, во делот на изградба на патна инфраструктура, е многу битен елемент за унапредување на безбедноста на сообраќајот.Покрај вложувањето и инвестициите за изградба на патна инфраструктура, многу битен сегмент претставува и квалитетно и постојано одржување на постоечката патна мрежа,
    • Да се редефинира методологијата и да се усвојат нови стандарди за мерење и евалуација на рамноста на коловозите на патиштата,
    • Потребен е засилен ангажман околу мерењето на рефлектирачките карактеристики на хоризонталната и вертикалната сигнализација, со цел нејзино квалитативно подобрување,
    • Да се набави лабораторија за следење на состојбата на коловозните површини,
    • Неопходно е носење на техничка регулатива,со чија помош ќе се  следи состојбата на коловозните површини,
    • Да се формира Банка на податоци за индикаторите на состојба на коловозните површини,
    • Да се имплементираат научните сознанија во управувањето со патиштата,
    • Потребна е поголема контрола при технички прием на градските сообраќајници,
    • Планирањето и проектирањето на сообраќајниците силно влијаат врз безбедноста на сообраќајот,
    • Ревизија на сообраќаен проект, од аспект на безбедност, значително ќе придонесе за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,
    • Евидентно е непочитување на инженерските мерки и сеуште доминираат застарени концепти во делот на планирањето и проектирањето,
    • Да се подобри законската регулатива во делот на страничната прегледност на крстосниците (триаголници на прегледност),
    • Воведување на ИТС технологија во делот на проектирањето, планирањето и регулирањето на сообраќајот,
    • Да се донесе Правилник и Регулатива во делот на проектирање на кружни крстосници и турбо кружни крстосници,
    • Имплементација на ИТС во делот на сообраќајната сигнализација на автопатиштата во Република Македонија,
    • Координативното тело на Владата на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, да побара, од сите надлежни институции, Акционен план за сите активности кои произлегуваат од Втората национална стратегија за безбедност на сообраќајот, и со истиот да ја запознае Владата на Република Македонија,
    • Сообраќајната култура и индивидуалната свесност на сите учесници во сообраќајот, значително влијаат за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и затоа, РСБСП треба и понатаму да продолжи со активностите во делот на подигање на јавната свест за оодгворно учество во сообраќајот, со посебен акцент на ранливите категории учесници,
    • Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите, со цел да обезбеди поголемо почитување и примена на ЗБСП, како најзначаен фактор за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата,
    • Техничкиот факултет од Битола, ја реафирмира обврската на МВР за создавање База на податоци-национален систем за евиденција на сообраќајните незгоди и последиците од нив, како важен елемент за управување со безбедноста на сообраќајот на патиштата и воедно, понуди веќе изготвен софтвер кој би одговорил на овие потреби.

         Ги охрабруваме локалните заедници, да продолжат да ги реализираат активностите кои ги преземаат за подобрување на патната инфраструктура, наменета за ранливите групи учесници во сообраќајот, а пред сè да продолжат да се залагаат за обезбедување на велосипедски и пешачки патеки кои ќе бидат одвоени од коловозот, и за истите да пропишат регулатива за нивна изградба, во сорaботка со МТВ.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Возилото како фактор во безбедноста на сообраќајот на патиштата
    Следна Објава:
    Со трибина во Скопје започна циклусот на трибини на РСБСП „Животот е во твои раце–Вози одговорно“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS