За секоја површина постои соодветна опрема – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    За секоја површина постои соодветна опрема

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    За секоја површина постои соодветна опрема
    15 декември 2015

    За секоја површина постои соодветна опрема. Користете зимска опрема додека возите за Вас и Вашата безбедност.

    РСБСП советува:

    • Користете пневматици на сите четири тркала со длабочина на шарите 4 милиметри. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност. Доколку поседувате летни пневматици, задолжително треба да поседувате синџири за снег.
    • Со себе секогаш треба да носите мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
    • Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзните стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобилот со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, “мртвите агли’ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
    • За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорите и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и вклучете ја климата.

    На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и останатите потрошувачи на струја кои не ви требаат.

    • Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта или градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални услови.
    • Држете поголемо растојание со возилото пред вас.
    • Не го менувајте нагло правецот на движење.
    • Поспоро забрзувајте, намалувајте ја брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунг и постепено кочење.
    • При влегување во кривина постепено одземајте ја брзината и кочете полека.
    • На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која ви возеле во нормални услови.
    • Бидете солидарни во сообраќајот

    Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во гратскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.

    ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Животот е подеднакво кршлив
    Следна Објава:
    Благодарници за медиумите
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и ОСБСП Охрид во организација на сообраќајно-едукативен натпревар „Детски семафор Охрид“
    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    • РСБСП со кампања: Безбедно на мотоцикл

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS