Јавни личности со пораки до сите возачи како дел од кампањата на РСБСП ”Да ги заштитиме децата во сообраќајот” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Јавни личности со пораки до сите возачи како дел од кампањата на РСБСП ”Да ги заштитиме децата во сообраќајот”

    1. Насловна
    2. Кампањи
    toni2
    26 септември 2015

    „Вози како секое дете на улица да е твое дете“, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“, „Секое дете заслужува да му се радува на животот“, вака гласат дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од новата кампања на РСБСП „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

    Кампањата ќе се реализира во наредниоте три месеци во соработка со МВР, МОН, ОБСЕ и единиците на локалната самоуправа.

    Познатите актери Тони Михајловски и Дејан Лилиќ, ракометарите Тимур Дибиров и Столе Стоилов, естрадните ѕвезди Панчо ДНК и Симона Попоска, водителката Татјана Стојановска, се прошетаа низ градските улици држејки ги транспарентите на РСБСП со пораки упатени до сите возачи да внимаваат на безбедноста на најмалите учесници во сообраќајот, децата. Панчо од ДНК верува дека со ваквите кампањи ќе се развие свеста кај возачите и дека на тој начин ќе се намалат сообраќајните незгоди. – Оваа кампања ја прифатив со задоволство и без двоумење. Навистина и тоа како е потребна ваква кампања чија крајна цел е да ги заштитиме децата бидејки сите гледаме што се случува на нашите патишта, особено изминативе неколку месеци. Одлична кампања со која треба да се развие свеста кај возачите. Само на тој начин ќе се намалаат сообраќајните несреќи во кои за жал има и многу жртви. Никој не треба да брза, секогаш ќе стаса 5 минути подоцна и тоа нема да преставува проблем. Тие 5 минути за кои многумина брзаат и не внимаваат додека управуваат со автомобилите, можат да завијат во тага цела фамилија. Нашите деца се наше богатство, затоа кампањата е одлична и верувам ќе допре до сите луѓе во сообраќајот, истакна пејачот Панчо. Познатиот фудбалер Дејан Глишиќ, генералниот менаџер на Групер Нина Ангеловска, водителката Цаци Арсова, Александар Миноски-дел од менаџментот на АМСМ и легендата на македонската кошарка Владо Илиевски, исто така се вклучија во кампањата, секој на свој начин, упатувајќи пораки за почитување на сообраќајните правила и прописи со кои би се зголемила безбедноста на децата во сообраќајот и на тој начин сите би ја постигнале зацртаната цел, а таа е – 0 деца жртви во сообраќајот.

    Генералниот менаџер на Групер, Нина Ангеловска, истакна дека сообраќајните незгоди не се случајни туку се предизвикани! Живееме брз живот, брзаме да стигнеме на работа, да ги завршиме обврските, да не задоцниме некаде… Но многу е важно во целата трка кога ќе седнеме зад воланот да се сетиме на нашата одговорност и важноста на безбедноста. Пред се, на безбедноста на децата во сообраќајот, изјави за крај Ангеловска.

    Оваа кампања, организирана од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ја приклучува Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите Нации се реализира во повеќе од 100 земји во светот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    stojce-stamenkovski-int146-1
    Претходна Објава:
    Бројот на деца – жртви во сообраќајот мора да биде нула! – Интервју на Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски за весникот Нова Македонија
    Следна Објава:
    Потпишан меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Техничкиот факултет Битола
    sta_3608
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS