РСБСП во посета на локалните самоуправи и општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП во посета на локалните самоуправи и општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата

    1. Насловна
    2. Активности
    11999004_970346123006418_7641208502546445897_n
    17 септември 2015

    Со цел продлабочување на соработката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Локалната самоуправа и Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата како и зајакнување на улогата на Локалната власт во зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со што би се исполнила и една од стратешките цели на Втората национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата, РСБСП започна со посета на Општинските совети и Локалните самоуправи низ цела Македонија.

    Досега РСБСП оствари средба со Општина Битола, каде што се сретна со проф. д-р Верица Данчевска претседател на ОСБСП на Општина Битола, г-дин Димче Лозевски претседател на ОСБСП на Демир Хисар, г-дин Дејан Цветковски претставник од СВР Битола и г-дин Ѓуро Илиќ шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Битола. На состанокот беа дискутирани и согледувани состојбите во безбедноста  во сообраќајот според спецификите на овој регион, со цел договорање конкретни стратешки цели, мерки и активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот за конкретното подрачје.

    При посетата на РСБСП на Општина Ресен беше остварена средба со Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезовски и Претседателот на ОСБСП на Ресен г-дин Гоце Лазаревски. Градоначалникот на општина Ресен, г-дин Ѓоко Стрезовски, ја подржа иницијативата за сообраќајната превенција на локално ниво, ја истакна потребата од подобра координација на ОСБСП со РСБСП и Општината Ресен. Претседателот на ОСБСП од општина Ресен се заложи дека ќе направи план на активности компатибилен со Планот на активности на РСБСП и ќе го информира Советот за секој активност на локално ниво поврзана со безбедноста на сообраќајот. Се дадоа конкретни насоки на ОСБСП во програмското годишно утврдување на активностите на овие тела и координирањето на тие активности со сите партнери кои делуваат на локално ниво.

    Посетена беше и Општина Кавадарци каде што тимот на РСБСП се сретна со Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Александар Панов, Секретарот на Општина Кавадарци –дин Кире Делов како и Претседателот на ОСБСП на Кавадарци г-дин Миле Трајков и секретарот г-ѓа Македонска Илиевска. Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Александар Панов изрази задоволство за посетата на членовите на РСБСП и ја подржа активноста за зајакнување на соработката помеѓу ОСБСП како и со РСБСП.Секретарот на општината Кавадарци г-дин Киро Делов даде краток вовед за конкретните активности и мерки кои ги превзема општината во делот на безбедноста во сообраќајот. Преставниците од ОСБСП г-дин Миле Трајков и г-ѓа Македонка Илиевска, ја изразија благодарноста за досегашната добра и успешна соработка на ОСБСП со општина Кавадарци , дадоа идеи во однос на изнаоѓање на решенија за безбедноста во сообраќајот на локално ниво.

    РСБСП и понатаму ќе продолжи да ја зголемува и продлабочува соработката со Општинските совети и Општините како стратешки партнери со што заеднички би се делувале на зголемувањето на безбедноста на сообраќајот.

     

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    123
    Претходна Објава:
    Алтернативни форми на мобилност – ЗОШТО?
    Следна Објава:
    РСБСП учесник на дебата “Партнерство за безбедност во сообраќајот”
    dsci0639
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    • РСБСП со кампања: Безбедно на мотоцикл
    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS