11 МАЈ – ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    11 МАЈ – ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

    1. Насловна
    2. Активности
    11 МАЈ – ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
    11 мај 2022

    Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран  настан  во чест на  подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како „ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“.

    Сообраќајната култура  претставува  начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на  движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока  на исполнување на општите и заеднички  интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на  сообраќајот.Сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво. Согласно тоа, целта на РСБСП е да се изгради еден систем на општествени вредности во кој безбедноста во сообраќајот, културата и етиката во сообраќајот, ќе заземат соодветно и значајно  место.

    Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Тука пред сè се мисли на сфаќањата и однесувањето на учесниците во сообраќајот, нивната перцепција за ризикот во сообраќајот, одговорното однесување, совесноста, ставот на учесниците во сообраќајот кон значењето на безбедноста во сообраќајот воопшто и сл.

    Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен и тежок, па затоа РСБСП посебно внимание посветува на најмладите со цел уште од мали нозе да се изгради едно повисоко ниво на култура и етика во сообраќајот. Неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи, а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот.

     Семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на децата. Односот на родителот во сообраќајот, без разлика дали е во улога на пешак или возач на возило во кое се вози и детето, како и почитувањето на сообраќајните правила од страна на возрасните, има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќајот.

     РСБСП континуирано реализира превентивно-едукативни кампањи со кои ќе продолжиме и во иднина, затоа што од сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот зависи безбедноста во сообраќајот и многу човечки животи.

     

    РСБСП со апел: „Да ја унапредиме културата во сообраќајот почнувајќи секој од себе и преку личен пример да придонесеме за побезбеден сообраќај“

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП ПРЕДАДЕ ВО ТРАЈНА СОПСТВЕНОСТ ДЕСЕТ ВОЗИЛА ЗА МВР
    Следна Објава:
    Одбележан денот на сообраќајната култура
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS