,,Зошто јавен превоз?” – Кампања на РСБСП и ЈСП Скопје – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ,,Зошто јавен превоз?” – Кампања на РСБСП и ЈСП Скопје

    1. Насловна
    2. РСБСП
    ,,Зошто јавен превоз?” – Кампања на РСБСП и ЈСП Скопје
    4 јули 2017

    Во текот на секојдневното живеење се соочуваме со разни проблеми кои директно или индиректно влијаат на нашето расположение и следствено на тоа влијаат врз извршувањето на нашите секојдневни обврски. Брзиот начин на живот пак, покрај другото, има и негативно влијание на нашето здравје.

    Мислејќи дека со управувањето на моторните возила секое утро побрзо ќе стигнеме на работните места, ние се доведуваме во ситуација да се соочиме со големи гужви во сообраќајот и притоа да го изгубиме драгоценото време залудно.

    Студиите кои ги имаат направено познатите светски универзитети, ни даваат еден показател дека луѓето кои користат јавен превоз до работното место се далеку посреќни од останатите кои користат сопствени возила. Индикациите наведуваат дека времето поминато во автобус, воз, трамвај итн. е корисно употребено од страна на патниците, со тоа што за време на патувањето може да се дозавршат некои работни обврски, да се чита книга, па дури и да се учи…

    Покрај тоа, значително се намалува и загаденста на средината каде што живееме, бидејќи, споредбено со сите светски анализи, еден автобус во којшто може да собере 60 патници, реално заменува од 20-30 моторни возила, при што се намалува степенот на загадување за околу 10 пати.

    Гледано од економски аспект, јавниот превоз е далеку поевтин од превозот со сопствено возило. Покрај потрошувачката на гориво, во овој сегмент мора да се смета и на паркинг местата, кои се скапи за секојдневно користење, како и се помалиот број на истите, како последица на зголемувањето на бројот на возила.

    По воведување на АВЛ и СТС системот во ЈСП СКОПЈЕ и кај Приватните превозници во Јавниот превоз на Град Скопје се постигнаа значителен дел на подобрувања на квалитетот на услугата што ја добиваат граѓаните кои го користат Јавниот превоз како средство за превоз. Една од подобрувањата е тоа што се постави ред и контрола во извршувањето на Возниот ред, кој сега се исполнува со над 95% успешност за разлика од предходно кога резултатите беа под 60%, и истото е под контрола и мониторинг на Градот Скопје. Граѓаните добија можност да се возат со еден тип на билет кај било кој превозник по иста цена, но исто така и брзината на качување во автобус и валидирање на билетите се намали значително во однос на предходниот систем со наплата и поништување на билети во автобусите. Се воведе контрола и фискализација кај сите превозници за секој продаден билет, воведена е и можноста за плаќање со мобилен телефон преку двата мобилни опратори во Македонија, како и овозможена поголема и поточна инофмрираност на патниците за времето на пристигнување на автобусите преку Информативни табли, СМС и Веб апликација.

    Имајќи ги предвид сите овие студии и показатели, ЈСП СКОПЈЕ во соработка со РСБСП ја стартуваше кампањата „Зошто јавен превоз?“

    Самата кампања опфаќа повеќе сегменти, преку кои граѓаните ќе бидат информирани кои се бенефитите и предностите од користење на јавен градски превоз.

    Оваа кампања го опфаќа економскиот, еколошкиот, социјалниот и безбедносниот аспект на секојдневниот живот на граѓаните во Градот Скопје, а преку кој сакаме да ги информираме и поттикнеме нивните навики на што почесто користење на јавен превоз.

    Очекуваните ефекти и резултатите од оваа кампања се, пред се, на едукативен начин да ги информираме граѓаните за нивни придовки, како придобивките на околината при користењето на јавниот превоз.

    Претходна Објава:
    Внимателно со лековите доколку се подготвувате за патување
    Следна Објава:
    Заморот кај возачите: симптоми, причини и последици
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS