Зошто да користам велосипед? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Зошто да користам велосипед?

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Зошто да користам велосипед?
    26 јуни 2018

    Велосипедот како алтернативно превозно средство сѐ почесто го збогатува нашето секојдневие. Таквата пракса и навика заслужуваат почит и внимание и претставуваат позитивен пример како се сака сопствениот град и здравата животна средина. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е активен поддржувач на алтернативните форми на мобилност и во таа насока РСБСП со совети зошто е добро да се вози велосипед:

    • Велосипедот претставува економски, еколошки и енергетски најодржлива форма на транспорт и мобилност.

    • Возењето велосипед е во  хармонија со природата, придонесува за здрава животна средина, намалено загадување, намален  метеж и намалена бучавост.

    • Со возење велосипед пристигнувањето на саканата локација е побрзо и помалку стресно. Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри,  во урбана средина,  велосипедот е доминантно  превозно средство од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување и  полесно паркирање.   Истражувањата,  исто така покажуваат дека во услови на сообраќаен метеж, превозот со  велосипед  е побрз за 8 до 12 километри на час, отколку со автомобил. Во просек, со автомобил ќе поминете повеќе од половина час заробени во сообраќајниот метеж (околу 7 километри на час), во споредба со просечните 15 до 20 километри на час ако сте со велосипед.

    • Придобивките по здравјето на луѓето од оваа здрава животна навика се бројни и бесценети. Возењето велосипед согорува 600 калории на час.  Ефикасноста на телото да согорува калории и маст е подигната додека возите велосипед, но и неколку часа потоа. Возењето велосипед неколку пати неделно го намалува крвниот притисок и стресот, а истовремено ви ја зголемува енергијата.  Ако редовно возите велосипед, вашиот организам ќе биде за  10 години помлад.

    • Велосипедот развива позитивна „зависност“ и нѐ ослободува од стресот. 

    • Со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство заштедувате многу пари за скапо гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поефтина опција, отколку купувањето автомобил.

    • Возењето велосипед создава пријателства и ја подобрува комуникацијата со луѓето и со околината.

    • Возењето велосипед ги заштитува планетата и шумите. Еден автомобил може да зафати простор колку и 20 велосипеди. Само 5% од енергијата и материјалите потребни за производство на автомобил се доволни да се направи еден велосипед.

    • Паркингот за велосипеди е секогаш достапен и бесплатен.

     

    РСБСП со апел : „Живеј здраво, чувај ја природата, заштити ја животната средина, намали го сообраќајниот метеж……….. Вози велосипед!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Јавните личности праќаат порака: Го сакам градот безбеден!
    Следна Објава:
    Општествено одговорни возачи – за помалку изгубени млади животи на патиштата во Република Македонија
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS