Вие сте тука

Зимски ден за одење на работа со велосипед

Велосипедизмот претставува економски, еколошки и енергетски најодржлива форма на транспорт со бројни позитивни придобивки по здравјето на луѓето, заштитата  на животната средина и намалувањето на сообраќајниот метеж. 

Научните истражување покажуваат дека велосипедот претставува доминантно превозно средство од аспект на побезбедно и побрзо пристигнување на посакуваната дестинација, полесно паркирање  и заштеда на финансиски ресурси   кога се патува на растојание до 5 километри во урбана средина.

Мотото на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата   е  „Со велосипед до побезбеден и почист свет “ и во таа насока РСБСП ги поддржува сите активности кои имаат за цел промоција на велосипедизмот и поддршка и развој на велосипедизмот како алтернативна форма на мобилност.

Утре ( Петок) , 09.02.2018 година е Меѓународниот зимски ден за одење  на работа со велосипед.  РСБСП се приклучува кон овој настан и го поддржува овој  меѓународен ден и  ги повикува сите  граѓани на Република Македонија да ги извадат велосипедите и со нив да одат на работа.

“Bike to Work“ ден (На работа со велосипед) е годишен настан кој се одржува на различни делови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство за тренспорт до работа.

Меѓународниот зимски ден за одење  на работа со велосипед претставува одлична можност да промовираме позитивни пракси за  користење на велосипедот како сообраќајно превозно средство, заштита на животната средина и намалување на сообраќајниот метеж.

РСБСП  ги повикува сите  граѓани, сите љубители на велосипедот, да се регистрираат на сајтот: https://winterbiketoworkday.org/ и да постираат  фотографии со интернационалниот хаштаг #WINTERBIKETOWORKDAY и  со тоа да ја поддржат  акцијата и да ја прошират идејата – мотото на РСБСП  „Со велосипед до побезбеден и почист свет„.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2018 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media