Започна зимската кампања “Користи зимска опрема” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Започна зимската кампања “Користи зимска опрема”

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Започна зимската кампања “Користи зимска опрема”
    15 ноември 2022

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи во Скопје реализираа активности од зимската кампања „Користи зимска опрема“ со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март следната година, како и потребата од зимска проверка на возилата.
    Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска апелираше брзината да се прилагоди според условите на патот, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и задолжително да се носи зимска опрема.
    „Бидете одговорни и подготвени за безбедно возење во зимски услови.Овој временски период се карактеризира со влажни и лизгави коловози и присуство на магла. Според истражувањата утврдено е дека густата магла предизвикува намалена видливост кај возачите заради што на возачите им треба 75% повеќе време за да забележат опасност. Во услови на дожд забавувањето на реакциите на возачите е за 30%, а во услови на врнежи од снег забавувањето на реакциите е за 34%.Токму затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, да се придржуваат до советите за управување со возилото во зимски услови, да ги следат информациите за временските услови на патиштата, како и патната сигнализација заради осигурување на поголема безбедност во сообраќајот“, рече Кожуваровска.
    Помошникот на министерот за односи со јавност на МВР Тони Ангеловски потсети дека од денеска (15 ноември) стапува на сила законската обврска во возилата задолжително да се носи зимска опрема, обврска која важи до 15 март следната година.
    „Апелираме до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови. Поседувањето на зимска опрема е пред се поради наша лична безбедност, а со тоа избегнуваме и било каква непријатност во случај на лоши временски услови“, рече Ангеловски.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ
    Следна Објава:
    Одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS