м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, учествуваше со стручен труд на XI-та меѓународна конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“ којa се одржа во октомври 2022 год. во Бања Лука, Република Српска. Организатори беа Министерството за сообраќај и врски и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска. Конференцијата се одржа под покровителство на Советот за безбедност на сообраќајот на Република Српска, со поддршка од Европскиот совет за безбедност на сообраќајот и Светската здравствена организација, a учествуваа над 250 стручњаци од областа на безбедноста во сообраќајот од земјите од регионот (Република Српска, Република Северна Македонија, Република Србија, Република Црна Гора и Република Словенија).