Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на
фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во
природа и дружења со семејството и пријателите.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви
ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во
сообраќајот.
Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП
советува:
- почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената
сообраќајна сигнализација, - користете сигурносен појас,
- возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на
подолги дестинации, - не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,
возете со технички исправно возило, - прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте
безбедно растојание од другите возила, - не зборувајте на мобилен телефон додека возите,
- внимавајте на секој учесник во сообраќајот.
Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во
сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!