На 07.05.2016 година во СУГС „Владо Тасевски“ се одржа Регионалниот натпревар по „Сообраќајно-техничка култура на младите“ Скопје 2016 година.
На натпреварот учествуваа 8 екипи и тоа: СУГС „Владо Тасевски“, СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Михајло Пупин“, СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Орце Николов“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.
Натпреварот се реализираше сегментирано во два дела и тоа: теоретски дел – полагање на тест од областа на сообраќајните правила и пропис и практичен дел – вешто возење на полигон со препреки.
На Државниот натпревар се пласираат 3-те најдобри екипи кои оствариле најмал број на негативни поени односно според резултатите од натпреварот, за Државниот натпревар кој ќе се одржи на 21 Мај во ООУ „Војдан Чернодрински“, се пласираа следните екипи: СУГС „Владо Тасевски“ – 125 негативни поени;,СУГС „Браќа Миладиновци“ 131 негативни поени и СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – 137 негативни поени;