Велосипедистите и мотоциклистите возеа дефиле за поголема безбедност во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Велосипедистите и мотоциклистите возеа дефиле за поголема безбедност во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Велосипедистите и мотоциклистите возеа дефиле за поголема безбедност во сообраќајот
    13 мај 2023

    Преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти возеа на дефилето под мотото – „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ кое се одржа во Скопје. Целта на дефилето e да се подигне  свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, како и користењето на заштитна опрема.

    Дефилето беше организирано од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери беа компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Велосипедистите и мотоциклистите тргнаа од различни локации, а дефилето го завршија на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“. Велосипедистите возеа од велосипедската патека на кејот кај хотелот „Holiday Inn“, а мотоциклистите од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк. На манифестацијата пред сите присутни се обрати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

     „И денешниов настан, односно ова велосипедско и мотоциклистичко дефиле, за Министерството за внатрешни работи претставува своевиден континуитет на нашата решеност за постојано унапредување на безбедноста во сообраќајот и секако за заедничко делување на сите чинители кои што на еден или друг начин имаат потенцијал и обврска да сторат сѐ за воспоставување на квалитетни сообраќајни безбедносни стандарди.

     Добро е познато дека МВР заедно со РСБСП со години наназад, имаат исклучително богато портфолио на заеднички кампањски, едукативни, нормативни и други проекти во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот.

     Покрај тоа, особено во поглед на воспитно-образовното и стручно делување, имаме и силна поддршка и од нашите висoкообразовни институции, како што е поддршката од нашата најстара образовна институција од областа на безбедноста – Факултетот за безбедност при универзитетот „Свети Климент Охридски“, така што сум убеден дека се движиме кон посакуваните цели – а тоа е поголема граѓанска свест и одговорност пред сѐ кон почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поквалитетна едукација и превенција и примарно – поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.“

    Безбедноста во сообраќајот и безбедноста на патиштата е главен фокус и на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    „Во рамките на своето делување РСБСП организира и спроведува низа едукативни активности, како обуки, продукција на материјали, настани и кампањи со што конкретно работиме на поголема едукација на велосипедистите и мотоциклистите, како и на останатите учесници во сообраќајот. Покрај тоа, во континуитет работиме и на истражувања и анализи, преку кои се лоцираат слабостите во безбедноста на сообраќајот на патиштата, но и можните начини како тие да се надминат. Сепак, за поголема безбедност клучна е личната одговорност на секој учесник во сообраќајот. Затоа настаните како овој денес се многу важни, па сакам да упатам апел до јавноста – секој од нас влијае за безбедноста на сообраќајот, затоа да бидеме внимателни и за себе и за другите и да се однесуваме одговорно“, Гордана Кожуваровска претседател на РСБСП. 

    Во рамки на долгорочната кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, компанијата ОКТА за учесниците во дефилето обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитна кациги.

    „Безбедноста на патиштата е еден од приоритетите во корпоративната стратегија за општествена одговорност на ОКТА. Затоа сме особено среќни за можноста да придонесеме на овој значаен настан и да ја потврдиме нашата долгогодишна заложба во унапредување на сообраќајната безбедност и култура во земјата. Преку платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“, ОКТА веќе шест години по ред спроведува различни активности за едукација и поддршка на сите учесници во сообраќајот, со цел да поттикнеме поголема колективна свест и индивидуална одговорност. Безбедноста во сообраќајот е континуиран и заеднички напор, затоа како компанија ќе продолжиме да вложуваме ресурси во создавањето на одржлива култура за побезбедни сообраќајници.“, истакна Марија Ставрева, менаџер за корпоративна  општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

    Кампањата „ЈАС ВНИМАВАМ” во 2017 година беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика. Како дел од кампањата, ОКТА досега има реализирано бројни иницијативи и донации со цел да придонесе кон зголемување на безбедноста во сообраќајот.

    Проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност при универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ја истакна важноста на соработката и партнерството на различните чинители во сообраќајот. Тој додаде Факултетот за безбедност е водечка високообразовна институција чија цел е продуцирање на стручни кадри кои преку современ пристап и користење на ефективни алатки и тактики придонесуваат кон унапредување на безбедноста и заштитата на патиштата.

    „Ефективно справување со сите модерни предизвици и поставување систем кој создава услови за поголема безбедност е наш приоритет во образовниот процес. Но за да го постигнеме тоа, неопходно е создавање на поголема свест кај сите учесници во сообраќајот, па оттука настани од ваков тип се од големо значење во тој процес. Само преку поголема соработка и создавање цврсти врски ќе обезбедиме одржлива основа за брз и безбеден сообраќај по теркот на современиот човек“, додаде проф. д-р Дујовски.

    Поддршка на дефилето кое се одржа под мотото „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ дадоа и организациите „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и Здружението за друмски и планински велосипедизам „Macedonian Bike Riders“.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
    Следна Објава:
    КОНФЕРЕНЦИЈА „ВИЗИЈА НУЛА ЗА БАЛКАНОТ“ ВО СРБИЈА
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS