Вие сте тука

СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА НОВА 2023 ГОДИНА

Новогодишните празници се време за дружења со најблиските и пријателите, за споделување на среќа и благосостојба, што значи поголема раздвиженост на луѓето, почести патувања, односно поголем број на возила во сообраќајот на патиштата, но и пониски температури и лизгави коловози.

За избегнување на несакани ситуации во сообраќајот и за среќни и незаборавни празници, РСБСП на возачите им препорачува:

•  да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот,

•  да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило,

•  да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа,

•  да ја почитуваат пропишаната брзина,

•  да внимаваат на зимските услови за возење,

•  да управуваат технички исправно возило,

•  да не користат мобилен телефон додека возат,

•  да користат сигурносен појас,

• да одржуваат растојание помеѓу возилата и сл.

 

           РСБСП ви ја честита Новата 2023 година и советува:

               За среќни моменти, насмевки и доживувања - бидете внимателни во сообраќајот. Уживајте во празничното расположение, прославувајте одговорно и возете безбедно.

               СРЕЌНИ, ВЕСЕЛИ И БЕЗБЕДНИ ПРАЗНИЦИ!

             м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, порачува:

Новата 2023-та година нека донесе многу радост, среќа и благосостојба во секој дом. Сите заедно да придонесеме за издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво. Затоа почитувајте ги правилата и прописите и бидете одговорни учесници во сообраќајот.

2023-ТА ГОДИНА НЕКА БИДЕ НАЈБЕЗБЕДНА ДОСЕГА!

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот