На 04.04.2023 во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу државната секретарка Магдалена Несторовска и претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска. На средбата беше потенцирана одличната соработка помеѓу МВР и РСБСП, а се разговараше и за натамошните заеднички активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Меѓу другото, беа разгледани и начините за подобрување на евиденцијата на работата на техничките прегледи.