Совети за поголема безбедност на децата во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Совети за поголема безбедност на децата во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Совети за поголема безбедност на децата во сообраќајот!
    17 октомври 2018

    Поразителен е податокот во кој се наведува дека на светско ниво, речиси 500 деца секој ден го губат  животот во сообраќајни незгоди.  Слична е состојбата и во Република Македонија. Според податоците во 2017 година  4 деца на возраст до 14 години и 14 деца на возраст од 15 до 19 години го загубиле  животот во сообраќајни незгоди.

    Имајки ја во предвид црната статистика, РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот особено во близина на училиште, градинка,  во зони на смирен сообраќај итн.  РСБСП со препораки до возачите:

    • Внимавајте на децата во сообраќајот во  секое време. Кога управувате со возило, сте прифатиле одговорност да внимавате на  другите во сообраќајот, особено на децата. Често децата особено помалите , не се таму каде што треба да бидат или каде што вие  очекувате тие да бидат.  Затоа бидете  внимателни во секое време и на секое место,  особено во близина на училиште или градинка.
    • Почитувајте го ограничувањето на брзината во населено место, особено во областите каде што има поголем  сообраќај на пешаци и деца.  Посебно бидете внимателни и  намалете ја брзината  во зона на смирен сообраќај, односно во зона каде што  брзината е ограничена на 30 km/h,   како што се училишните зони и улиците во соседството,  каде што пешаците т.е децата  може да се појават одеднаш.
    • Во лоши временски услови и слабо осветлени области  целокупната видливост е ограничена.  Не само што е потешко за возачите да ги видат движењата на децата , исто така е тешко за  децата да ги видат возилата. Затоа, бидете сигурни дека вашите светла се исправни и вклучени и правилно  користите ги звучните и светлосните  сигнали и бидете дополнително претпазливи.
    • Кога се приближувате до пешачки  премин, (во близина на училиште, градинка,  во зони на смирен сообраќај итн. )  намалете ја брзината и бидете подготвени да го застанете возилото.  Кога ќе застанете на пешачки премин,  оставете доволно простор помеѓу вашето возило и  пешачкиот премин  за да може пешаците/децата  безбедно да се движат и да можат другите возачи благовремено да ги видат пешаците/децата за кои вие сте застанале и сте ги пропуштиле.
    • Не поминувајте ги возилата што застанале  на  пешачки премин. Тие застануваат  да им дозволуваат на пешаците/ децата  да поминат и да ги уверат дека улицата е безбедна за преминување.
    • Кога ќе  видите знак  “училиште”,  задолжително намалете ја  брзината. Посветете  внимание на   движењето на децата во близина на патот и училиштето. Возачите секогаш треба да имаат на ум дека децата не размислуваат за опасностите на патот. Запамете дека тие не се во состојба  да ја проценат брзината со која се движат возилата.
    • Во близина на училиште или градинка внимателно одберете каде ќе го паркирате возилото. Паркирањето на тротоар или пешачки премин го попречува движењето на децата  и ги насочува децата кон улицата и коловозот и на тој начин  всушност директно ја загрозувате безбедноста на децата во сообраќајот. Исто така неправилното паркирање ги прави децата невидливи помеѓу возилата и нивното  преминување на улица го прави крајно опасно.

    РСБСП со апел: „Да ги зачуваме децата од повреди и загуби во сообраќајот. Вози одговорно!“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Столе Стоилов и Даинис Криштопанс во улога на сообраќајци: Наместо казни, поделија подароци!
    Следна Објава:
    Употреба на светла во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS