На 11 и 12 јуни 2022 година, во Скопје беше одржан тренинг за безбедно управување со мотоцикл во организација на Мото Клуб „Безбедност“ – Скопје. Настанот беше поддржан од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамки на реализацијата на кампањата за одговорно и безбедно учество на мотоциклистите во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи и користење на заштитна опрема, во прв ред заштитен шлем, а со цел зголемување на безбедноста на мотоциклистите и останатите учесници во сообраќајот. Мото клубот „Безбедност“ – Скопје на м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП му додели благодарница за соработката со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
