РСБСП во Кавадарци: „БезбедноНа Мотор“ и „Заврти на сигурно“ – Кацигата на глава, безбедност и сигурност дава! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП во Кавадарци: „БезбедноНа Мотор“ и „Заврти на сигурно“ – Кацигата на глава, безбедност и сигурност дава!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    17 јули 2025

    Како дел од сеопфатните кампањи за едукација и превенција на РСБСП, во Кавадарци се реализираше превентивно-едукативна активност насочена кон мотоциклисти, велосипедисти и корисници на електрични тротинети, во рамки на кампањите „Безбедно на мотор“ и „Заврти на сигурно“, кои се наменети за зголемување на сообраќајната свест за безбедноста на овие ранливи категории учесници во сообраќајот.

    Активноста беше организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (ОСБСП) Кавадарци, во соработка со полициското Одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци.

    На учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни материјали со пораки за важноста од носење заштитен шлем на главата, како клучна мерка за зачувување на животот и намалување на последиците при евентуални незгоди. Возачите кои беа затекнати без заштитна кацига беа опоменати од полициските службеници и посоветувани од претставниците на РСБСП и ОСБСП за значењето на почитувањето на правилата и прописите со цел заштитата на сопствената безбедност во сообраќајот.

    Со ваквите активности, РСБСП и ОСБСП продолжуваат со континуираната едукација и унапредување на културата на безбедно учество во сообраќајот, со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и потенцијални тешки повреди кај ранливите категории учесници во сообраќајот.

    Вози одговорно – носи кацига! За човечкото тело нема резервни делови.

     

    " БезбедноНаМотор, Велосипедисти, ЕТротинети, ЗавртиНаСигурно, ЗачувајГоЖивотот, Кавадарци, МотоБезбедност, ОСБСПКавадарци, СообраќајБезЖртви, СоШлемСиБезбеден
    Претходна Објава:
    Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    Следна Објава:
    Засилени превентивни активности на РСБСП и СВР Скопје за поголема безбедност на мотоциклисти, велосипедисти и корисници на е-тротинети
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS