Вие сте тука

РСБСП: Статистиката потврдува - мотоциклистите и понатаму најранлива група на учесници во сообраќајот

Црната статистика за настрадани мотоциклисти во сообраќајни незгоди загрижува. Имено, статистичките податоци за 2020 година покажуваат дека изминатата година 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди од кои дури  18 се мотоциклисти.

Поточно, во 2020 година, на патиштата во Република Северна Македонија, загинале  4 возачи на мопед ( зафатнина на моторот до 50 cm/3,)   4 возачи на мотоцикл со зафатнина до 125 cm/3  и 10 возачи на  мотоцикл со зафатнина над  125 cm/3.  Покрај тоа, во 2020 година, со тешки телесни повреди се здобиле:  55 возачи на мопед, 19 возачи на мотоцикл со зафатнина до 125 cm/3  и 84 возачи на  мотоцикл со зафатнина над  125 cm/3 односно, во 2020 година,  тешко повредени се вкупно 158 мотоциклисти.

Состојбата со безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот дополнително загрижува ако се има во предвид фактот дека во Северна Македонија мотоциклите претставуваат околу 2 % од вкупниот број возила- учесници во патниот сообраќај, а во 2020 година,  околу 15%  од вкупниот број  на загинати лица во сообраќајни незгоди се мотоциклисти.  Дополнително треба да се потенцира дека, и покрај тоа што не постојат законски ограничувања, сепак, поради временските услови, мотоциклистите учествуваат во сообраќајот само 6 месеци во годината.

Несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема и заштитен шлем се издвојуваат како главни причини за трагичните последици од сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклистите.  Дополнителен ризик фактор претставува и  односот на останатите учесници во сообраќајот кои не внимаваат на мотоциклистите и не ги почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети  до мотоциклистите:

  •  Секогаш носете заштитен шлем (кацига), рефлектирачки елек и  друга заштитна опрема
  •  Намалете  ја брзината
  •  Користете ги трепкачите
  •  Одржувајте безбедно растојание
  •  Користете ги правилно и  двете сопирачки
  • Избегнувајте „мртви агли“
  •  Не возете слалом и престигнувајте правилно
  •  Не возете под дејство на алкохол и други психотропни супстанци
  • Управувајте го   возилото на начин на кој не се намалува неговата стабилност
  • Бидете концентрирани и внимателни. Не возете кога сте заморени и правете почести паузи.

РСБСП со апел до мотоциклистите: Вистинските мотоциклисти се внимателни и одговорни учесници во сообраќајот,  секогаш ѓи почитуваат сообраќајните правила и прописи и редовно користат кацига и друга заштитна опрема. Биди  вистински мотоциклист!

#БИДИВИСТИНСКИМОТОЦИКЛИСТ!   #НОСИКАЦИГА!          

 

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот