РСБСП: На матурска прослава без автомобил! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: На матурска прослава без автомобил!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Млади
    РСБСП: На матурска прослава без автомобил!
    26 јуни 2021

    „Не си фраер ако загинеш на матура!“  „Покажи ја матурата на дело!“  „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките со кои  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им ја честита матурата на  сите матуранти. 

    Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Од секогаш овој настан предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски. Важноста на настанот  никој не ја оспорува. Она што загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки, се управува моторно возило без возачка дозвола, се управува моторно возило под дејство на алкохол, се беснее по улиците, се прават фотографии и видео записи  и се постираат „луди Фејсбук статуси“ додека се управува со возилото. Ова, дефинитивно не е вистинскиот начин да се демонстрира матурата на дело. 

    Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години, покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот. 

    Неколку трагични настани од минатите години, сообраќајни незгоди со загинати и повредени матуранти ја потресоа цела држава. Дали конечно се извлечени поуки? 

    Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е  првенствено  кај младите, но и кај нивните родители. 

    Со оглед на фактот дека овој викенд се организираат најголем број од  матурските прослави во државата, РСБСП со  апел,  најпрвин  до родителите: Постојат многу начини на кој може да им ја честитате матурата на вашите најмили. Отстапувањето на семејниот автомобил е најлошиот и најопасниот начин да им покажете на децата колку ви значи нивната матура.  Не им дозволувајте  на своите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил, и не им дозволувајте да бидат возени од друг матурант.  Грешките во сообраќајот може да бидат фатални и да се каете за сторената грешка целиот живот, но за жал тогаш ќе биде веќе премногу касно и нема да може ништо да се промени.

    Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека сообраќајните незгоди претставуваат една од водечките причини за смртност кај младите луѓе. Годишно, во светот, околу 400000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи, секој ден околу 1100 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Слични и загрижувачки  се состојбите  и во Република Северна Македонија.

    РСБСП  им ја честита матурата на сите матуранти и апелира на совесност и сериозност затоа што сообраќајот не е игра, затоа што последиците од сообраќајните незгоди се болни, трајни и  не надоместливи.  На матурска прослава заминете без автомобил, прославете весело, среќно и достоинствено. Среќна матура!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Статистиката потврдува – мотоциклистите и понатаму најранлива група на учесници во сообраќајот
    Следна Објава:
    Стручна работилница со Авто Испитен Центар – Скопје
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS