РСБСП: Совети за безбедно возење во зимски услови – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Совети за безбедно возење во зимски услови

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП: Совети за безбедно возење во зимски услови
    14 јануари 2022

    Ниските температури, снегот и мразот можат да создадат опасни услови на патиштата кои бараат повнимателно возење заради осигурување безбедност на сите учесници во сообраќајот. Ваквите неповолни временски услови влијаат врз многу аспекти на возењето, како на пример на времето на сопирање, состојбата на гумите, прегледноста на возењето во автомобил со замрзнати или замаглени стакла (зголемување на „мртвите агли“), возачките способности и сл. Затоа од особена важност е подготовката и на возилото и на возачите за возење во зимски услови.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги упатува следните совети за безбедно возење во зимски услови:

    • Користете задолжителна зимска опрема.

    • Грижете се за техничката исправност на возилото.

    • Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан.

    • Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот.

    • Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења.

    • Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Немојте да забрзувате и нагло да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање  Кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате и вртите. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални  услови.

    • Бидете трпеливи и претекнувајте возила исклучиво кога тоа е безбедно.

    • Во текот на возењето се препорачува лесна контрола врз гасот. Во зимските услови подобро е порано да се смени степенот на пренос, односно порано менување во поголема брзина.

    • На замрзнати површини се препорачува возење во втора брзина.

    • Добро е во автомобилот да имате мала лопата, малку песок, крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, антифриз, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.

    • Бидете информирани за состојбата на патиштата.                                                                

     

    РСБСП советува: Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете до посакуваната дестинација.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Честит Божиќ! Христос се роди !
    Следна Објава:
    Честит празник Богојавление- Водици
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS