РСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со совети:  Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување
    13 август 2018

    Доколку тргнувате на пат во услови на зголемени температури посветете внимание на следното:

    Пред пакувањето – задолжително направете проверка на возилото кај вашиот овластен сервисер

    Пред да тргнете на пат, проверете ја техничката исправност на возилото, посебно на уредот за управување и застанување, состојбата на пневматиците и електроинсталацијата.

    Не дозволувајте некоја скриена неисправност на возилото да ве изненади во текот на возењето – тоа може да ве чини многу кога станува збор за вашата безбедност,  а секако ќе ве чини и многу пари и време.  Да не зборуваме за останатите непријатности и настанатите нервози.

    Проверете во каква состојба ви е резервната гума и проверете дали имате прва помош во гепекот? Дали сте ставиле течност за миење на стаклата, итн.?

    Наспијте се

    Наспијте се добро пред да седнете зад воланот и пред да тргнете на пат!  Не тргнувајте на пат веднаш после работното време. Поради заморот организмот ја намалува подготвеноста за проценка на ситуација и способноста за навремена реакција во сообраќајот.

    Јадете нешто лесно – бидејќи, ако се прејадете ризикувате да ви се приспие и ризикувате стомачни проблеми.

    Понесете со себе доволно вода (вода, не слатки сокови,  од кои уште повеќе ќе бидете жедни). Внимавајте што ќе облечете на себе и на нозе

    Немојте да возите во лабави и лесни летни обувки, без разлика што можеби тоа воопшто не ви пречи. Обувките мора да бидат такви да не можат да ви испаднат од стапалата.

    Вашата гардероба треба да биде удобна, при што подобро е појасот да биде преку маица, отколку на тело.

    Никако немојте да возите боси – тоа не е дозволено и не е безбедно.

    Информирајте се за предностите на ноќното и дневното возење

    Доколку е возможно, избегнувајте возење во ноќните часови, без разлика на тоа што тогаш се помали турканиците, посебно на граничните премини.

    Многу родители се одлучуваат за овој термин и поради тоа што ноќе децата воглавно го преспиваат патот.

    Меѓутоа, ноќе предноста е послаба, имате помалку можности да застанете и да се одморите, многу ресторани како и бензиски пумпи не работат ноќе.

    Возењето дење е неспоредливо побезбедно, а можете и да уживате во убавините на природата, да организирате попатни излети. Правете паузи  од 15 минути, на секои 2-3 часа возење, а при влезот во автомобилот редовно прегледувајте го возилото.

    Клима уредот користете го паметно

    Водете сметка за начинот на користење на клима уредот во возилото – разликата во надворешната темепартура и температурата во возилото не треба да биде поголема од 5 до 10 степени, идеално е да биде седум степени целзјусови.

    Не излегувајте од возилото веднаш, туку при застанувањето, исклучете го клима уредот и отворете ги прозорците, бидејќи наглата промена на температурата може да предизвика колапс и несакани последици по организмот.

    И паузите користете ги паметно

    Во паузите се препорачува испивање на поголема количина вода и безалкохолни освежителни пијалоци, бидејќи недоволна хидрираност може да предизвика ослабување на подготвеноста за проценка и расудување, како и губитоци во брзината на реагирање и да предизвика поспаност и умор.

    Препорака е возачот во текот на 24 часа, да вози вкупно девет часа, а без пауза најмногу 4 и пол часа. После тоа, се препорачува поголема пауза, минимум од 45 минути.

    Врзете се – дури и ако ви пречи појасот

    Врзете го појасот, без разлика на тоа што можеби ви пречи, ве гребе и слично. Казните се високи, а вашиот живот еден и единствен! Исто така, мора да се врзат и сите останати во автомобилот – совозачот и оние кои седат на задните седишта.

    Доколку не сте знаеле, според одредени истражувања, употребата на појасот на предните седишта го намалува ризикот од смртни последици при сообраќајни незгоди, до 50 проценти, а на задните седишта, до 75 проценти !

     Децата на возраст до 5 години задолжително треба да се возат во безбедносно детско седиште.

    Немојте да брзате

    Не брзајте и не престигнувајте на места каде што тоа не е безбедно.

    Најголемиот број сообраќајни незгоди се предизвикани од непочитување на правилата за ограничување на брзината, непочитување на правилото за првенството на поминување, неправилно престигнување, посебно на места каде тоа не е дозволено и безбедно, возење под дејство на алкохол и во состојба на зголемен умор на возачот, итн.

    Запомнете! – Времето изгубено во евентуална сообраќајна гужва немојте да го надополнувате со брзо возење. На тој начин го зголемувате ризикот од предизвикување на сообраќајна незгода.

    РСБСП ви препорачува,  уживајте во патувањето и  бидете безбедни. Тоа е најважно!

     

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел: Останете безбедни во сообраќајот и одбележете го празникот достоинствено
    Следна Објава:
    Летно возење во малку поинакви услови
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS