РСБСП со апел: Останете безбедни во сообраќајот и одбележете го празникот достоинствено – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Останете безбедни во сообраќајот и одбележете го празникот достоинствено

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел:  Останете безбедни во сообраќајот и одбележете го празникот достоинствено
    30 јули 2018

    Лето, време на годишни одмори, во пресрет на најголемиот државен празник – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за совесно, одговорно и пред сѐ безбедно учество во сообраќајот.  Искуството и статистиката од минатите години  покажуваат дека ова е најризичниот период од годината кога е во прашање безбедноста во патниот сообраќај.  Следуваат денови кога се одбележува еден од најголемите национални и верски  празници, сезона е на годишни одмори и продолжен викенд.  Интензитетот на сообраќајот повекратно се зголемува, се зголемува сообраќајниот метеж, опуштена празнична атмосфера, со многу забава и алкохол. Затоа, РСБСП потсетува дека  единствениот услов за безбеден сообраќај за време на овој продолжен викенд  и празничните денови е максимално да ги почитувате сообраќајните правила и прописи, да ги почитувате правилата за ограничување на брзината, да ја прилагодувате брзината согласно условите на патот и да не управувате моторно возило под дејство на алкохол. Само така ќе бидете сигурни дека безбедно и на време ќе пристигнете до саканата дестинација.   

    РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот:

    • Бидете смирени во сообраќајот и не се однесувајте агресивно во сообраќајот. Агресивното и нервозно учество во сообраќајот нема да ја намали гужвата и сообраќајниот метеж.
    • Немојте да возите слалом, да пристигнувате на полна линија или да пристигнувате колона на возила.
    • Бидете фокусирани и концентрирани  во сообраќајот и не користете мобилен телефон и други технички помагала за време на управувањето со возилото.
    •  Прилагодете ја брзината кон моменталните услови на патот и ситуацијата во која во моментот се наоѓате.
    •  Држете безбедно растојание помеѓу возилата.
    •  Возете одморени, со претходно испланирано патување и со редовни паузи за време на патувањето.
    • Направете техничка проверка на возилото и бидете сигурни дека вашето возило е подготвено за безбедно патување.
    •  Користете сигурносен појас и соодветно детско седиште.
    • Проверете го товарот пред да тргнете на пат и товарете го вашето возило умерено и согласно препораките на производителот.

    Без разлика на кој начин учествувате во сообраќајот – возач, мотоциклист, велосипедист или пешак, најважен услов да пристигнете безбедно до саканата дестинација е да не учествувате во сообраќајот под дејство на алкохол и психотропни супстанции.

    Учествувајте одговорно во сообраќајот и не дозволувајте најголемиот државен, национален и верски празник да се претворат во нечија семејна трагедија.

    РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита големиот национален и верски празник – Илинден  и им  посакува безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот !

    Честит 2-ри Август!   Честит и вечен ИЛИНДЕН!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Како да избегнете замор при долготрајни возења
    Следна Објава:
    РСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS