Презентација на активностите на РСБСП, кампањите и едукативните материјали како и презентација на т.н. “пијани очила”, беа само дел од активностите со кои Советот се претстави на Отворениот ден на Американ Колеџ.
Младите имаа можност подетално да се запознаат со работата на Советот, како и да ги пробаат таканаречените „пијани очила“ преку кои можат да го осознаат искуството, перцепцијата и физичките способности за управување на моторно возило под дејство на алкохол и останати психотропни супстанции и на тој начин всушност преку симулирани активности во совесна состојба да го сфатат ризикот и опасностите на кои се изложуваат при управување на моторно возило под дејство на алкохол и наркотици.