РСБСП со порака: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце! Вози Велосипед! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со порака: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце! Вози Велосипед!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со порака: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце! Вози Велосипед!
    16 септември 2020

    ,,European Mobility Week,, – „Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која  на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година,  во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз.

    Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во наредните 7 дена ќе реализира низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.Возењето на велосипед, или велосипедизмот, како алтернативно превозно средство носи со себе многубројни бенефити,- персонални, економски, социјални, еколошки и многу други.  Како резултат на сите овие бенефити, луѓето сѐ повеќе ги заменуваат своите автомобили со велосипеди како начин на мобилност и транзитирање до посакуваната дестинација. Истражувањата покажуваат дека во измината деценија бројот на луѓе кои патуваат до своето работно место со велосипед, континуирано  се зголемува од ден на ден и позитивно е оваа појава да продолжи и во иднина.

    Додека повеќето луѓе се свесни за општествените, здравствените и практичните предности кои ги носи возењето велосипед, многумина не разбираат точно колку големо влијание велосипедизмот може да има врз квалитетот на нивните животи.  Согласно тоа, РСБСП споделува  неколку клучни придонеси кои ги носи возењето велосипед:

    • Прво и пред сѐ треба да се потенцираат здравствените бенефити од возењето велосипед. Општо познато е дека луѓето коишто инкорпорираат физички активности во нивниот дневен живот, генерално живеат подолг и поздрав живот од останатите. Велосипедизмот како физичка активност помага во градењето на мускулот, слабеење, спуштање на високиот крвен притисок и зајакнување на срцето. Исто така, возењето велосипед, докажано помага при намалување на стресот, и подобрување на сонот.
    • Еколошките бенефити кои ги носи велосипедизмот се исто така доста значајни. Велосипедот како превозно средство не троши фосилно гориво, и со тоа нивото на издувни гасови во воздухот се намалува и квалитетот на воздухот расте. Што значи дека колку повеќе автомобили отстраниме од улица, и ги замениме со велосипеди, толку подобро за сите нас,  за нашето здравје, и околината во којашто живееме.
    • Безбеден и протечен сообраќај.  Истражувањата покажуваат дека најголемиот дел од дневните патувања кои ги правиме секојдневно се пократки од 5 километри,  што ги прави идеални за изминување со велосипед. Користењето на велосипедот како превозно средство ви овозможува да ги избегнете метежите по улиците и да патувате безбедно и да пристигнете до вашата дестинација побрзо, и со помалку нервози.  Патувањето со велосипед  исто така го елиминира еден од најголемите проблеми на патувањето со автомобил, а тоа се паркинг местата. Со велосипед, вртењето празни кругови по половина час со надеж дека ке се ослободи паркинг место ќе  биде  ваше минатото.
    • Финансиски бенефити. Од финансиски аспект, изборот помеѓу автомобил и велосипед е очигледен. Додека автомобилот чини неколку илјадници евра, просечен велосипед чини неколку стотици. И не само тоа, туку велосипедот не ги сноси сите дополнителни трошоци кои ги повлекува автомобилот. Гориво, сервисирање, регистрација, паркинг, осигурување и многу многу други.

    Затоа РСБСП со потсетување: „Возењето велосипед може да го спаси светот  и да го направи Вашиот живот подобар! Одважи се, вози велосипед!  

    Европска недела на мобилност 2020!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со порака:Вистинските мотоциклисти возат одговорно и секогаш носат кацига
    Следна Објава:
    Превентивно едукативни активности во Скопје во рамките на “Европска недела на мобилност-2020”. Вози велосипед!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS