РСБСП со апел: Сообраќајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Сообраќајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Сообраќајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се  предизвикуваат  со неодговорно учество во сообраќајот!
    14 ноември 2020

    По повод 15 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува  учесниците во сообраќајот  дека сообраќајните незгоди не се случајни,  туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот.

    Сообраќајните незгоди, за жал, се сериозен проблем на сите современи општества.  Трогателните слики со  смрт и крв на патиштата, кои секојдневно се случуваат на патиштата ширум светот,  се тешки и мачни за гледање, но уште потешко е директно да се сочите со нив и  со нивните последици.

    Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка,  дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се неочекувани, насилни, трауматски, трагични настани.

    Товарот на тага и болка што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните  незгоди е уште поголем ако се има во предвид фактот дека  голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се  деца и млади.

    За жал, црната светска и домашна  статистика и понатаму  покажува дека  сообраќајните  незгоди се причина за голем број на  загубени  човечки животи,  голем број на загинати лица и  уште поголем број на повредени лица со трајни телесни повреди,  уништени семејства и  огромни материјални загуби. 

    Според  СЗО, годишно,  во светот 1.3 милиони луѓе  го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени.  Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 24 секунди, едно лице,  – нечие дете, брат, сестра, родител, роднина, пријател…. го губи животот во сообраќајна незгода.

    Според статистиката, во 2019 година , во  Република  Северна  Македонија , 132 лица го загубија животот  во сообраќајни незгоди,  а 5164 лица се повредени.

    Да кажеме стоп за смртта на патишта! Сега и веднаш!  Време е секој да сфати дека сообраќајните незгоди на бираат време,  место и личности.  Сите сме потенцијални жртви! Многу  човечки  судбини денес  ќе беа различни, многу семејства кои денес се обвиткани во црно, ќе беа посреќни и повесели,  многу детски или родителски солзи немаше да се пролеат,   доколку  сите учесници во сообраќајот покажат повисоко ниво на свест, совест,  дициплина и одговорност во сообраќајот.  Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи!

    Во таа насока,  РСБСП со  апел:  Покажи грижа!  Разбуди ја  свеста!   Вози совесно и одговорно!   Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди  има за цел  да се потсетиме на оние кои го загубија животот  во сообраќајни незгоди во минатото,  да им оддадеме почит на загинатите, да дадеме поддршка на тие кои настрадале во сообраќајни незгоди и да извлечеме поука за сериозноста на последиците од сообраќајните незгоди. 

     # ВОЗИОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември, задолжително носење на зимска опрема во возилото!
    Следна Објава:
    Активности  на РСБСП за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS